Линкови за пристапност

Експлозија на бомба во седиштето на Обединетите нации во Багдад - 2003-08-19


Главниот претставник на ОН за Ирак и најмалку 14 други лица загинаа во експлозија на бомба во седиштето на светската организација во Багдад.

Главниот претставник на ОН за Ирак, Серџо Виеира Де Мело, кој загина при нападот, се наоѓал во својата канцеларија кога одекнала експлозијата. Претставници на ОН во Багдад велат дека по се се чини дека токму неговата канцеларија била цел на нападот. Американската армија соопшти дека се работи за автомобил-бомба поставен пред седиштето на ОН во главниот ирачки град.

Експлозијата одекна напладне по локално време и сруши поголем дел од Хотелот Канал во кој се сместени канцелариите на ОН. Стотина вработени во ОН се наоѓаа во објектот за време на експлозијата, но се уште не се знае со точност колку од нив се спасиле, а колку се затрупани во урнатините.

Американските хеликоптери веднаш по експлозијата започнаа да патролираат над местото на нападот, а војската ја затвори областа, стравувајќи дека може да дојде до нова експлозија. Густ црн чад долго време по нападот се извиваше од урнатините. За силината на експлозијата говори и тоа дека од неа се искршени порозорците на автомобилите и зградите на километар оддалеченост.

Многумина Ирачани денес гневно реагираа поради тоа што и натаму доаѓа до вакви напади во нивната земја. Ахмед, кој е трговец од Багдад, вели дека ова е како лоша игра што не прекинува. Од експлозијата биле искршени прозорците на неговиот стан а од ударниот бран тој го изгубил здивот.

ОН веќе долги години го користат Хотелот Канал како свое седиште во Багдад. Таму престојуваа и инспекторите на ОН за оружје во текот на деведесетите.

XS
SM
MD
LG