Ирак - експлозија
Автомобил-бомба експлодирал пред седиштето на ОН во Багдад, при што, според официјалните лица, неколкумина се повредени, вклучувајќи го главниот претставник на Светската организација во Ирак.
Западните новински агенции цитираат очевидци кои велат дека во нападот загинале неколку лица, но овие извештаи се уште не се потврдени. Експлозијата се случила нешто по 16 часот по локално време, при што е уништен дел од зграда од комплексот на ОН. Портпаролот на организацијата во Њујорк рече дека специјалниот претставник на ОН во Ирак, Серџо Виера де мело бил меѓу повредените лица.
Ирак - апсење
Поранешниот потпретседател на Садам Хусеин, Таха Јасин Рамадан е уапсен од курдските борци во северен Ирак и е предаден на американската армија.
Американскиот портпарол изјави дека г-динот Рамадан бил уапсен во Мосул од страна на Патриотскиот Сојуз на Курдистан. Тој се наоѓа на 20-тото место на коалиционата листа под американсо водство на 55-те најбарани членови на поранешниот ирачки режим. Исто како и Садам Хусеин, и г-динот Рамадан важел за брутален лидер. Иран - нуклеарна програма
Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Каменеи вели дека неговата земја нема никогаш да попушти пред американскиот притисок околу својата нуклеарна програма.
За време на вчерашниот говор, Ајатолахот рече дека иранската нуклеарна програма е за мирнодопски цели и дека верското раководство на Исламската Република ја спречува употребата на оружјето за масовно уништување. Техеран е под силен меѓународен притисок да докаже дека не произведува нукларно оружје и да потпише дополнителен протокол на постоечкиот Договор за неширење на нуклеарното оружје, со кој на експертите на ОН би им се дозволило да изведуваат ненајавени инспекции на иранските нуклеарни објекти. Техеран порекнува дека развива нуклеарно оружје велејќи оти се уште дискутира околу прашањето за инспекциите со претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија.
Косово - апсење
Полицијата на ОН уапси лице осомничено за убиство на индискиот полицаец во северно Косово.
Портпаролот на полицијата на ОН соопшти дека денеска бил уапсен 21-годишен Србин во селото Слатина во северно Косово, протоа не објавувајќи никакви деталји. Индиецот Сатиш Менон беше усмртен месецов додека се наоѓал во полициско возило во близина на Слатина. Се уште не е познат мотивот за неговото убиство.
Британија - истрага
Висок помошник на британскиот премиер Тони Блер порекнува дека имал влијание при подготовката на извештајот за ирачката нукларна програма, со цел оправдување на идејата за се поведе војна во Ирак.
Директорот за комуникации Аластер кембл пред комисијата која поведе истрага за смртта на британскиот експерт за оружје Дејвид Кели, истакна дека немал влијание за вметнувањето на контроверзното тврдење во извешттајот, дека Ирак може да го употреби оружјето за масовно уништување во рок од 45 минути. Би-Би-Си извести дека г-динот Кембл умал клучна улога во дотерувањето на документот за да ја преувеличи заканата од оружјето. Г-динот Кели наводно извршил самоубиство во близина на својот дом во предградие на Лондон откако бил испрашуван од страна на парламентарна комисија околу извештајот на Би-Би-Си.
Авганистан - напади
Авганистанските власти велат дека осомничените талебански борци од заседа убике најмалку деветмина полицајци во провинцијата Логар.
Официјалните лица изјавија дека десетина напаѓачи наоружени со рачни минофрлачи и автоматски пушки вчера нападнале полициско комбе, на 90-тина километри јужно од Кабул. Регионалните воени команданти веруваат оти напаѓачите се талебански борци. Во меѓувреме, забележана е експлозија близу куќата на помладиот брат на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во јужниот град Кандахар. Полицијата вели дека експлозијата била случајна и дека братот на претседателот, Ахмед вали Карзаи во тоа време не бил во својот дом.
Либерија – мировен договор
Либериската влада и главните бунтовнички групи во земјата потпишаа мировен договор, будејќи нова надеж дека речиси 14-годишните граѓански немири конечно се завршени.
Договорот, потпишан денеска во Гана значи крај на 4-годишните борби во Либерија и создавање услови за формирање нова влада во земјата. Новата администрација треба власта да ја преземе од привремениот претседател Мосес Блах во октомври и да биде на чело се до јануари 2006-та, за кога е предвидено одржување на нови избори. По потпишувањето на договорот некои продавници и пазари повторно започнаа со работа во главниот град Монровија, по пауза од неколку месеци, но храната и медицинската помош и натаму се тешко достапни.