Линкови за пристапност

Топ 5 во американските кино сали оваа недела - 2003-08-18


Две ѕвезди на хорор филмовите ги комбинираат злите сили во новиот хит во северноамериканските кино-сали. Исто така нов филм оваа недела е еден старомоден вестерн и горка комедија за разликите во возраста. Ален Силверман се осврнува на петте најпопуларни филмови, започнувајќи со комедијата што се наоѓа на петтото место.

Во филмот "UPTOWN GIRLS" Британи Марфи ја игра Моли, која има 20 години и мора да ги научи обврските на возрасните. Таа станува негувателка на осумгодишната Реј, која треба да научи да биде дете. Неа ја игра малата Дакота Фенинг, која објаснува: „Таа навистина има причина да биде лоша. Таа всушност не сака да биде лоша. Само чувствува како за неа ништо да не останало, мајка ми цело време работи и не мисли на мене толку многу, реално немам татко. Кога Моли доаѓа во нејзиниот живот таа на некој начин сака да биде како неа, но не ја сака. Затоа ми се допаѓа Реј, затоа што нема намера да биде лоша„.

"UPTOWN GIRLS" е на петтата позиција, а пред неа е исто така комедија за детството. Постојано налутената тинејџерка Ана и нејзината мајка Тес на магичен начин ќе си ги сменат телата и учат за животот на другата во филмот "FREAKY FRIDAY." Овој римејк на филмот на Дизни од 1976 година, Џејми Ли Кертис ја игра мајката, а Линдзи Лоан е тинејџерката Ана.

„Сум го гледала оргиналот и тоа е одличен филм„, објаснува Лоан. „Мислам дека нашиот се разликува затоа што мора да биде помодерен и посовремен, но оргиналот е навистина прекрасен филм„, додава таа.

"FREAKY FRIDAY" падна на четвртата позиција.

Почитуваниот каубојски жанр се врати во кино-салите со филмот што е на третото место според гледаноста. Бос и Чарли се каубојци кои тераат стадо добиток низ преријата кога налетуваат на проблеми со алчниот ранчер кој раководи со испоставата на граница во филмот "OPEN RANGE." Роберт Дувал игра во овој филм заедно со Кевин Костнер, кој е и режисер: „Направив неколку грешки во овој филм, но вистината е дека ако почнете со добро сценарио, тоа е вашата библија...тоа ќе ве спаси„. Тој вели дека и дури и ако немате најкреативен агол на снимање или што било друго, драмата е најважна. Според Костнер, звучи како клише, но пишаниот збор се уште е важен; не нечија харизма, затоа што тоа исчезнува, но зборовите, кои тој смета ќе го привлечат вниманието.

Филмот "OPEN RANGE", во кој исто така играат Анет Бенинг, сер Мајкл Гамбон и починатиот Мајкл Џетер е хит и кај критичарите и кај публиката. Овој нов вестерн е на третата позиција.

Три децении откако "S.W.A.T" беше телевизиска хит серија, на големото платно пристигна акционата криминална драма во која Семјуел Џексон игра полициски наредник во Лос Анѓелес, кој собира неколкумина чудни момчиња и го формира S.W.A.T' или Специјалниот тим за оружје и тактика. По премиерата овој филм беше на врвот на топ листата, а сега падна на втората позиција откако го истисна хитот во кој се појавуваат неколку страшни ликови.

Фреди Кригер е ужасниот убиец од серијата хорор филмови што започнаа со “Кошмарот од улицата Елм“ во 1985 година. Џејсон Ворхис е исто така незапирлив убиец со маска за хокеј, кој за прв пат се појави во филмот од 80-те, “Петок 13-ти“ и убиваше во уште девет продолженија. Младите обожаватели секогаш дискутираа кој од овие ликови би победил во борба, а токму тоа се случува во филмот “Фреди против Џејсон“, во кој Роберт Ингланд повторно го игра Фреди:

„Мислам дека она што е страшно кај Фреди во фантазијата е нарушувањето на приватноста„, објаснува Ингланд. „Не само што ги знае вашите најинтимни мисли, туку може и да ги користи и се наоѓа во вашата спална„, продолжува тој. Според Ингланд, Фреди е во тоа приватно, свето место и го окупира што според Ингланд во суштина, претставува најстрашното кај Фреди.

Оваа комбинација, “Фреди против Џејсон“ е најпопуларниот филм во американските кино-сали.

XS
SM
MD
LG