Линкови за пристапност

Нема причина за прослава на 77-миот роденден на Фидел Кастро - 2003-08-18


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Кубанскиот диктатор Фидел Кастро го прославува неговиот 77-роденден, но нема причина за прослава.

Не може да се прославува, додека кубанската економија продолжува да слабее, додека Кастро продолжува со затворање на граѓаните, чиј што криминал е што бараат слобода и демократија. И не може да се прославува, додека кубанската Влада продолжува со прекршувањето на основните права на кубанскиот народ.

Во изминатите 44 години, тоталитарниот режим на Кастро единствено значи репресија и ограничувања за граѓаните на Куба. Како што изјави за Гласот на Америка, Ханс Де Салас дел Вале, истражувач на Институтот за кубански студии при Универзитетот во Мајами, најголем број од Кубанците се исцрпени од секојдневната битка за опстанок:

„Тие веќе не можат да сметаат на Владата кога станува збор за прехранување на сопствените семејства. Владините залихи од храна, за едно семејство можат да покријат само седум до десет дена во месецот. Најголем дел од Кубанците преживуваат со околу 10 долари месечно, кои им се исплаќаат во домашната валута пезос. А во поново време, најосновните стоки можат да се купат само во американски долари “.

Фидел Кастро, во изминативе говори тврдеше дека „и покрај огромните пречки, ние градиме нови и похумано општество, со поголемо искуство, ентузијазам, цврстина и соништа, како никогаш досега“. Но, г-динот Дел Вале вели дека многумина кубански граѓани, посебно младите, едноставно се откажуваат од Кастро и неговата марксистичка револуција:

„Бројот на запишаните студенти на Универзитетите, од 1989 година е намален за речиси 50 проценти, со прекинувањето на субвенциите од Советскиот сојуз. Куба навистина ја губи својата иднина, чии што млади генерации, попрво се определуваат да се обидат да заработат некој долар од туризмот на островот, отколку да се образуваат, или си ги ризикуваат своите животи со авантурите до Флорида, за да дојдат во САД“.

Додека Фидел Кастро го прославува својот 77 роденден, тој мора да го има предвид следново: за 44 години, како што кажа Претседателот Џорџ В. Буш, кубанскиот народ „страда под тиранијата која користи брутални методи за спроведување на визијата за банкрот“. Оваа тажна политика не е причина за прослава.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG