Линкови за пристапност

Индонезиската влада бара пристап до Хамбали - 2003-08-18


Индонезискиот министер за надворешни работи, Хасан Вираџуда го повтори барањето на владата за итен пристап до Хамбали, лицето осомничено за тероризам, кој важи за клучен оперативец на Ал-Каида во Југоисточна Азија, а кој во моментов се наоѓа во американска надлежност.

Министерот Вираџуда истакна дека неговата земја има разбирање оти неколку земји сакаат да му судат на осомничениот Ридуан Исамудин, познат под името Хамбали.

Тој вели дека сепак индонезиската влада и натаму очекува итна информација од какво и да е испрашување на г-динот Хамбали, а на крај и негова екстрадиција. „Иако Индонезија нема постигнато договор за екстрадиција, билатералната и регионалната соработка во борбата против тероризмот, би ни дозволила да имаме директен пристап до Хамбали, дури и можност Хамбали да и биде испорачан на Индонезија„, рече Вираџуда.

Индонежанецот Хамбали беше уапсен минатата недела во Тајланд. Американските власти велат дека тој се наоѓа во нивна надлежност, но не ја откриваат локацијата.

САД и другите влади го обвинуваат г-динот Хамбали за помагање на финансиските операции на Ал-Каида во Југоисточна Азија, како и тоа дека тој е лидер на регионаланта терористичка група Џема Исламија, која се залага за создавање исламнска држава во Југоисточна Азија.

По г-динот Хамбали се трага повеќе години, во врска со бомашките напади во Индонезија и Филипините. САД велат дека во јануари 2001-та, во Малезија тој организирал средба на која присуствувале двајца од киднаперите кои учествуваа во терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон.

Хамбали беше уапсен една недела по бомбашкиот напад врз хотелот Мериот во Џакарта во кој загинаа 12 лица. Иако групата Џема Исламаја е осомничена за овој инцидент, полицијата вели дека се уште нема веродостојни докази за тоа, а досега се уапсени девет лица.

Властите во Малезија велат дека можно е да го продолжат притворот на сопругата на г-динот Хамбали, бидејќи можно е да поседува корисни информации за терористичките заговори. Норалвиза Ли Абдула, граѓанин на Малезија, по апсењето на нејзиниот сопруг, е испорачана во Куала Лумпур,

XS
SM
MD
LG