Линкови за пристапност

Победи во борбата против тероризмот - 2003-08-15


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Изминаа речиси две години од терористичките напади на Ал Каида врз Светскиот трговски центар и Пентагон, во кои загинаа над 3.000 луѓе од околу 90 земји. Советникот за национална безбедност, Кондолиза Рајс вели дека во периодот што следуваше по нападите, САД одлучија „борбата против тероризмот да ја преземат во свои раце“:

„Ние сфативме дека за да ја добиеме војната против тероризмот, мора да ја добиеме борбата на идеи, со исполнување на надежите на народите во светот... да им помогнеме со тоа што ќе им дадеме шанса за подобар живот и посветла иднина... и причина да го отфрлат лажното и деструктивно чувство на огорченост, противење и омраза“.

Во борбата против тероризмот веќе се извојувани неколку значајни победи. Талебанскиот режим во Авганистан, кој ја поддржуваше Ал Каида е уништен од страна на коалицијата под американско раководство, во соработка со авганистанските сили на отпорот. Кондолиза Рајс вели дека соборувањето на режимот на Садам Хусеин беше уште еден удар врз тероризмот и екстремизмот.

„Чекор по чекор, во Ирак се воспостави нормално живеење и беа воспоставени основните услуги- во некои случаи дури и на подобро ниво одошто пред војната, а беше обновено и стопанството„, изјави Рајс. Според советникот за национална безбедност на претседателот Буш, во земја, во која само пред неколку месеци чесноста била казнувана со смрт, сега постои пазар на идеи на кој се напреваруваат 150 весници.

Кондолиза Рајс вели дека напредокот кон мир меѓу Израелците и Палестинците е уште една индикација дека се работи за голем бран против тероризмот.

„Новото палестинско раководство покажува дека разбира оти тероризмот не води кон палестинска држава, туку, кон голема пречка во остварување на оваа цел, и тоа јасно го кажува и на арапски и на англиски јазик„. Рајс додава дека претседателот Буш верува дека Палестинците, како и сите народи во светот, заслужуваат демократски институции со чесни лидери кои вистински ќе им служат на интересите на народот.

Патот до демократијата е тежок, но желбата за слобода се издигнува над расата, религијата и културата. Народите од Блискиот исток не се исклучок од тоа.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG