Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.
Изминаа речиси две години од терористичките напади врз САД на 11-ти септември 2001-та година, ужасниот настан што засекогаш го промени животот на Американците. Како одговор на нападите врз Светскиот трговски центар и Пентагон, САД со големиот број коалициони партнери, одлучија да се справат со терористите, да ги искоренат терористичките мрежи и да ги сметаат за одговорни земјите кои обезбедуваат засолниште за терористите.
Во изминативе две години коалицијата оствари голем напредок. Ги попречи плановите за повеќе од 100 терористички напади ширум светот. Ал-Каида, групата одговорна за септемвриските напади, е лишена од нејзиното главно засолниште, Авганистан. Речиси две третини од нејзините високи лидери, менаџери и извршители, се уапсени или убиени. Останатите од нив се во бегство, засекогаш. Стотици милиони долари од терористичките имоти се замрзнати, а главните организации се затворени.
Уште една клучна победа во војната против тероризмот, како што кажа американскиот советник за националана безбедност, Кондолиза Рајс, беше соборувањето од диктатурата на Садам Хусеин во Ирак.
„Режимот на Садам Хусеин претставуваше закана по американската и светската безбедност„. Според Рајс, тоа беше режим кој бараше, употребуваше и поседуваше оружје за масовно уништување. „Хусеин беше поврзан со теророт, два пати изврши инвазија врз други земји, 12 години ја мамеше меѓународната заедница и 17 резолуции на ОН и даваше показатели дека тој нема никогаш да се разоружа и дека никогаш нема да одговори на праведните барања на светот„, објаснува таа. Рајс смета дека таа закана не можеше да се дозволи да остане.
Поуката од нападите од 11-ти септември е дека ниту една терористичка закана не може да се игнорира. Како што кажа претседателот Џорџ Буш: Преку 3.000-те мажи, жени и деца од преку 90 земји, кои загинаа тој ден, нема да бидат заборавени.
„Нема да ги заборавам поуките од 11-ти септември, а тие се јасни и гласни –дека постојат луѓе кои сакаат да му нанесат зло на американскиот народ„, изјави Буш. „Пред американскиот народ, пред семејствата кои жалат по своите најмили ветив дека ќе ги гониме терористите каде и да се наоѓаат и ќе ги изведеме пред правдата„, продолжи тој. Претседателот Буш вели: токму тоа и ќе го сториме.
Благодарение на неспоредливата соработка на земјите од светот, ова ветување е одржано.
Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса: Editorials, VOA Washington DC 20237 USA Можете да реагирате и на адреса: www.IBB.gov/editorials