Линкови за пристапност

Акции на Муслиманите – Американци за организирање и политичко влијание во САД - 2003-08-13


Муслиманите – Американци не се познати по своето политичко влијание во Вашингтон, но некои муслимански активисти ветуваат дека ќе ја променат оваа појава. Започната е иницијатива за придобивање на гласовите на околу шест до седум милиони Муслимани – Американци во САД, пред одржувањето на претседателските избори во земјата, наредната година, во надеж да се зголеми нивната политичка моќ.

Оваа идеја произлезе од Муслиманско-американското здружение и целта да се регистрираат стотици илјади муслиманско-американски гласачи.

Махди Бреј е извршен директор на фондацијата Freedom на Муслиманско-американското здружение. „Сметаме дека муслиманската заедница мора навистина да биде активна во овој граѓански процес„. Тој вели, дека Муслиманите-Американци нема да продолжат да бидат маргинализирани во нивнатазаедница, туку дека ќе работат со другите групи и ќе се види разликата во 2004-та и во годините што следат.

Г-динот Бреј вели дека американско-муслиманската заедница се уште се чувствува политички ранлива по терористичките напади во 2001-та и реакциите на нив, понекогаш насилни, против некои Муслиманите-Американци.

Тој тврди дека поголемото политичко влијание во Вашингтон, ќе обезбеди, анти-терористичките закони донесени во Конгресот да не претставуваат закана по граѓанските права на Муслиманите-Америкаци.

Организаторите на иницијативата велат дека посебна грижа е да се убедат помладите лица од оваа група, да се најдат на гласачките листи.

Танзила Ахмед е член на групата Енвизо Ситизен, една од првите организации што започна да промовира ..загриженост кај младите луѓе.

Г-ѓа Ахмед ќе посети неколку колеџи и ќе се обиде да регистрира млади Муслимани-Американци. Таа вели дека многумина од нив се колебаат да бидат политички инволвирани, особено по терористичките напади врз САД.

Меѓу првите регистрирани според новата програма е Фатима Попал, која се надева дека многумина ќе го следат нејзиниот пример. „Сакам само да кажам дека јас сум муслиманка, јас сум жена, млада сум и јас сум Американка„, вели таа. Попал смета дека како Американка е мошне, мошне важно нејзиниот глас да биде слушнат.

Освен посетата на колеџи, трговските центри и џамии, во обид да придобие повеќе гласачи, Муслиманско-америкаснкото здружение ќе понуди и нивна регистрација преку Интернет, доколку појдат на веб-страницата на здружението.

Програмата е слична на онаа од пред неколку години на Советот за американско-исламски односи и преку која беа регистирани 100.000 Муслимани -Американци пред изборите во Конгресот минатата година.

XS
SM
MD
LG