Косово - напад
Непознати вооружени лица деенска во близина на Гораждевац, во западниот дел на Косово отвориле оган врз деца од српска националност кои пливале во река, прти што две деца загинале, а најмалку пет се ранети.
Командантот на мировниците на Косово под раководство на НАТО, италијанскиот генерал Фабио Мини го осудил нападот, нарекувајќи го „лош сигнал“ за оние кои сакаат изградба на мултиетничка демократија на Косово.
Раководителот на Американската канцеларија на Косово во Приштина го осуди нападот како бесмислен, и побара информација за злосторството за да и помогне на полицијата во откривање на одговорните. Инцидентот се случил во време кога во Приштина пристигнал новиот администратор на Он на Косово, Хари Холкери, кој го замени Михаел Штајнер.
САД – шверц на оружје
Еден британски дилер со оружје и две други лица осомничени за учество во заговор за шверцување на минофрлачки гранати во САД, денеска се појавија пред американскиот федерален суд кој одлучи да останат во затвор без можност за кауција.
Во изјавата по судското сослушување во Њуарк, во државата Њуџерси, обвинителот Кристофор Кристи истакна дека обвинетот Хемант Лакани верувал оти со ракетниот фрлач можел да се собори американски патнички авион. Обвинителот рече дека дилерот со оружје го купил ракетниот фрлач од руски агенти кои се претставиле како трговци со оружје и потоа ова оружје го продал на американски агенти кои се претставиле како терористи. И вториот обвинет, Моунудин Ахмед Хамид ќе остане во затвор до сослушувањето закажано за 20 август. Третиот обвинет Јехуда Абрахам денеска ќе се појави на одводено сослушување во Њујорк.
Либерија - пљачкања
Илјадници гладни Либеријци го нападнале пристаништето во Монровија што е под контрола на бунтовниците, пљачкајќи ги складиштата со хуманитарни залихи.
Мажи, жени и деца ги испразниле залихите, изнесувајќи вреќи со ориз, пченка и други прехранбени производи. Бунтовниците на почетокот употребиле огнено оружје за да го запрат хаосот, но потоа и дозволиле на толпата да изнесат се што можат. Според договорот, бунтовниците ќе се повлечат од пристаништето утре и контролата ќе ја предадат на мировниците од западно-африканските земји. Претходно денеска, претставникот на ОН за хуманитарна помош Каролин Мекаски изјави дека брод со храна и лекови се наоѓа во близина на брегот на Либерија, и е подготвен да се вкотви во пристаништето.
Израел и Палестина – мировен процес
Тим составен од израелски, палестински и американски претставник работи на спречување, вчерашните самоубиствени напади да го поткопаат мировниот процес.
Палестинскиот премиер Махмуд Абас денеска во Јордан се сретна со специјалниот американски пратеник Вилијам Брнс, кој се наоѓа во регионот да го поттикне спроведувањето на меѓународната мапа кон мирот. Г-динот Брнс по разговорите изјави дека администрацијата на Буш е решена да се постигне мир. Палестинските претставници ги повикаа исламските милитантни групи да го продолжат самопрогласениот прекин на огнот. Претходно денеска, израелската армија во Наблус ја уништи семејната куќа на вчерашниот бомбаш-самоубиец.
Авганистан - бомба
Официјални лица од јужен Авганистан соопштија дека во експлозија на мала бомба во еден автобус загинале најмалку 16 лица.
Експлозијата се случила денеска во близина на градот Лашкаргах, главниот град на провинцијата Хелманд. Радио Кабул јави дека најмалку 18 била биле повредени. Во меѓувреме, авганистански претставници изјавија дека безбедносните сили во провинцијата Кост во југоисточниот дел на земјата, убиле 8 осомничени талебански герилци, откако тие нападнале еден граничен пункт. Претставник на авганистанската војска вели дека неговите сили заробиле двајца странски герилци. Полицијата во Кабул соопшти дека двајца студенти биле убиени во експлозија на бомба во Кабул, која самите ја правеле.
Европа – топлотен бран
Делови на Европа се зафатени со долгоочекуваното освежување, по рекордно високите температури на стариот континент во изминатиот век.
Француските метеоролози велат дека утрово во Париз се измерени 23 целзиусови степени, што е за неколку степени помалку од утринските температури изминатава недела. Британската метеоролошка служба предвидува највисоката температура денеска да достигне до 27 целзиусови степени. На почетокот на неделава во Британија беа измерени 38 степени. Исто така се очекува до крајот на неделава намалување на температурите и во Португалија, Гермнаија и на Скандинавскиот полуостров. Во меѓувреме, пожарникарите во Португалија веќе петти ден се борат со огнената стихија во јужниот регион Алгарв.