Линкови за пристапност

Најнови вести 13 август 2003 - 2003-08-13


САД – шверцувани гранати

Еден британски дилер со оружје и две други лица осомничени за учество во заговор за шверцување на минофрлачки гранати во САД, денеска треба да се појават пред американскиот суд.

Британскиот државјанин со индиско потекло и двајцата негово неидентификувани придружници беа уапсени вчера во близина на Њујорк, по долготрајната американска акција потпомогната од британските и руските разузнавачки служби. Другите двајца осомничени наводно биле дел од операција за перење на пари.

Ирак - напади

Американската армија во Ирак вели дека денеска е убиен еден американски војник, а друг е повреден, од експлозија на бомба северно од Багдад.

Порпаролот на армијата вели дека инцидентото се случил додека војниците патувале во конвој од четири возила во близина на градот Давр. Вчера од експлозија на бомба во близина на градот Рамади, западно од Багдад, загина еден американски војник, а повредени се двајца други. Најмалку 58 американски војници загинале во напади од 1-ви мај, годинава, кога претседателот Буш објави крај на поголемите борбени операции во Ирак.

Британија – Саудиска Арабија

Авионската компанија Бритиш Ервејс на неодредено време ги суспендираше сите летови кон Саудиска Арабија, заради, како што вели, зголемена загриженот по безбедноста во регионот.

Во кусото соопштение на авио-компанијата се вели дека летовите се суспендирани денеска по дискусиите со британскиот Оддел за транспорт. Владата вели дека има, цитираме, веродостајни докази околу заканата за британскаат авијација во Саудиска Арабија. Не се објавени никакви деталји за специфичната природа на таа закана. Бритиш Ервејс има осум неделни летови во Саудиска Арабија.

Израел - експлозија

Израелската полиција денеска е на високо ниво на готовност откако службите за безбедност предупреди за дополнителни напади од страна на палестинските милитанти.

Од вчерашните самоубиствени напади, загинаа двајца Израелци, а 12 други се повредени. Израелските медиуми велат дека владата одлучина на најновите напади да не одговара воено, но ќе го зголеми притисокот врз Палестинската Управа да ја уништи, како што ја нарекува Израел, палстинската терористичка инфраструктура. Милитантната група Хамас ја презеде одговорноста за еден од вчерашните напади, нарекувајќи го одмазда за убиството на двајца активисти на Хамас, за време на исраелскиот напад минатата недела. Хамас вели дека сега ќе продолѓи да го почутува примирјето што палестинските милитантни групи го прогласија на 29-ти јуни.

Иран – Ал Каеда

Иранскиот претседател вели дека нема да дозволи САД да интервјуираат членови на Ал-Каида кои се наоѓаат во ирански притвор.

Сепак претседателот Мохамед Катами денеска изјави дека владата во Техеран би била подготвена на Саудиска Арабија да и ги предаде саудиските членови на Ал-Каида, бидејќи двете земји имаат нормални односи. Вчера, висок саудиски претставник во Вашингтон изјави дека Иран во притвор држи околу 15 клучни припадници на оваа терористичка група, вклучувајќи го шефот на обезбедување на Ал-Каида и синот на Осама бин Ладен.

Либерија - мировници

Американски претставници на одбраната велат дека можно е во Либерија да бидат испратени дополнителен мал број Маринци за да им помогнат на западно-африканските мировници.

Висок претставник на Пентагон вели дека едно сценарио можно е да вклучи испраќање на мал број војници на пристаништето во главниот град Монровија, каде е складирана неопходната хуманитарна помош. Бунтовниците кој го контролираа пристаништето се согласија да им го предадат на западно-африканските мировници во текот на утрешниот ден. Високиот претставник за хуманитарна помоп на ОН, Керолин Мекаски, изјави дека се создадени услови храната и лековите да се достават во Монровија.

Северна Кореја – нуклеарно оружје

Русија предложи мултилатерален безбедносен договор со Северна Кореја, во обид да се стави крај на кризата околу нуклеарните амбиции на Пјонгјанг.

Новинските агенции ИТАР-тас и Интерфакс велат дека рускиот заменик министер за надворешни работи, Александар Лосјуков ова го соопштил денеска, додека Москва одржува одвоени средби со делегации на Северна и Јужна Кореја. Засега нема коментари по предлогот од ниту една од страните. Северна Кореја и натаму стои на ставот дека единствениот начин за решавање на нукларната криза е со САД да потпише договор за ненапаѓање. Г-динот Лосјуков вели дека Русија верува оти дополнителни гаранции за безбедноста на Северна Кореја, можно е да помогнат во решавање на спорот.

XS
SM
MD
LG