Линкови за пристапност

Компанијата Харли Дејвидсон слави 100 години постоење - 2003-08-12


Компанијата Харли Дејвидсон растеше така како што се развиваше културата на возењето моторцикл во САД. Од формалните возачки клубови основани во почетокот на 20-тиот век, преку бандите на мотоцикли од 50-тите, 60-тите, 70-тите, па се до класичната холивудска сцена за јунакот-самотник на мотоцикл на некој од американските авто-патишта, Харли Дејвидсон беше клучен дел во создавањето на оваа култура во Америка.

Мотоциклите се задолжителен декор на Стурџис, Јужна Дакота. Ова место во срцето на Америка има помалку од 7000 жители, но секој август таму се одржува национален собир на мотоциклистите во САД, што посекако е и најмасовна средба на мотоциклистите во целиот свет. Годинава во Стурџис се собраа речиси половина милион мотоциклисти, претворајќи ја главната улица на градчето во бескрајна река на громогласни мотоцикли.

Најпопуларниот мотоцикл е, се разбира, Харли Дејвидсон. За мотоциклистите кои се собираат во Стурџис, стогодишнината на Харли Дејвидсон претставува време да се прослави културата и пријателствата кои се изградени благодарение на оваа компанија.

„Светот и небото се твојот покрив, се е во движење, за разлика од ситуацијата кога седиш како во кафез со покрив над главата„, смета еден од посетителите. „Кога си на мотор, целиот свет ти е прозорец.....одлично е„.

Според друг мотоциклист, луѓето кои возат Харли се вистински луѓе. „Меѓу нас постојат такви кои немаат ни десет центи во себе, а некои кои се милијардери, но кога сме тука, сите сме исти„.

„Ова е американска традиција, тоа е се што можам да кажам... многу ми се допаѓа... едноставно, возам и слободен сум„, вели друг.

Не зачудува што Харли Дејвидсон стана симбол на тоа да се биде мотоциклист. Компанијата има огромен број потрошувачи - околу 1 милион сопственици на Харли во САД.

Стурџис не е единственото место каде ќе се слави стогодишнината на Харли. Компанијата припрема огромна роденденска прослава на 31ви август во седиштето во Милвоки. Се очекува да пристигнат стотици возачи од сите страни на светот. Многу од оние кои сега се во Стурџис ќе продолжат за Милвоки. Меѓу нив е и Вили Дејвидсон, потпретседателот на компанијата и внук на еден од основачите. Тој вели дека во стоте години постоење компанијата имала проблематични времиња, како војни, економска депресија, но дека сето тоа го преживеала. Копанијата, потенцира Вили Дејвидсон, и понатаму ќе продолжи да произведува мотоцикли, се додека постои страст кај луѓето за возење на мотоцикл по отворените патишта.

XS
SM
MD
LG