Линкови за пристапност

Ајатолахот Хусеин Хомеини говори за ситуацијата во Ирак - 2003-08-12


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Во 1979-та година, ајатолахот Рухола Хомени ја презема власта во Иран и формира радикален муслимански свештенски режим. Неговиот внук, ајатолахот Сејед Хусеин Хомеини сега е гласен критичар на тој режим. На Ирачаните им е јасно дека пателе од тиранијата на таа земја, Ирачаните сакаат слобода и демократија, вели тој.

Ајатолахот Хусеин Хомеини, кој неодамна најде засолниште во Ирак, порано беше жесток поборник за иранскиот свештенски режим. Во јули 2001-вата, тој беше во Хавана за да му помогне на диктаторот Фидел Кастро во прославата на речиси 50-годишниот комунистички режим на Куба. За време на еден настан во Иран во јуни 2002-рата, организиран од Иранско-палестинско здружение за пријателство, тој кажа дека Израел треба да биде избришан од лицето на земјата.

Денес, Хусеин Хомеини зборува сосема поразлично. Тој неодамна го повика иранскиот народ самиот да одлучи каква влада ќе го претставува.

„Единствениот начин, што во моментов изгледа и најдобар, е да се побара распишување на референдум што би покажал дали народот сака исламска република или не„, смета Хомеини. „Тоа е најсоодветен начин за да се излезе од овој критичен ќорсокак„. „Тоа ќе покаже дали режимот е поддржан од мнозинството.„

Ајатолахот Хусеин Хомеини вели и дека соборувањето на режимот на Садам Хусеин било победа за ирачкиот народ:

„Не запрашаа дали по доаѓањето на САД во земјата, дали ситуацијата се подобрила или не. Јас им велам дека во изминативе 35 години, режимот на Садам изврши толку многу ѕверства, што не мислам дека да се најдат многу слични примери во историјата. Затоа, ирачкиот народ нема друг начин освен во земјата да дојде моќ каква што претставуваат САД, за да помогнат. Тие веруваат дека САД дошле како ослободителна сила. Луѓето се среќни што е решен проблемот и тие се оптимисти за иднината„.

Ајатолахот Хусеин Хомеини повикува и на одвојување на џамијата од државата – став заради кој дедо му сигурно би се превртувал во гробот. Верата мора да биде одвоена од режимите, како што е во Америка, вели тој. Таквото одвојување, велки понатаму ајатолахот Хусеин Хомеини, е неопходно за да се зачуваат индивидуаланата слобода и интегритетот на верата.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG