Линкови за пристапност

Изречени затворски казни за трговија со луѓе во Белгија - 2003-08-12


Судот во белгискиот град Дендермонд вели дека бандата во текот на последните две години во Британија прошверцувала преку 10 илјади илегални имигранти, повеќето Албанци.

Имигрантите од Балканот биле транспортирани со камиони преку Европа до белгиското крајбрејже, од каде биле префрлани во Британија. За транспортот по лице бандата наплаќала 3.400 долари.

Судот изрече казни во траење од три до осум години. Судијата во пресудата подвлече дека шверцерската група била немилосрдна и активно регрутирала илегални имигранти со тоа што се уфрлала во кампови за бегалци.

Ова е само еден од серијата судски процеси против трговијата со луѓе во Европа, во рамки на новата енергична акција на Европската унија против ваквиот вид на криминал. Дански суд во јуни осуди на затвор седум членови на кинеска банда поради шверцување на имигранти во Британија. Четворица од осудените беа обвинети во врска со смртта на 58 илегални кинески имигранти, кои се задушија поради недостаток на воздих во камион при нивното префрлање во Британија во 2000-тата. Во март годинава, белгиски суд им изрече затворски казни до 10 години на седум лица поради организирање на синџир за шверц со луѓе. Синџирот е одговорен за смртта на осуммина турски илегални имигранти, чии тела беа пронајдени во еден бродски карго-контејнер.

Според агенциите за сузбивање на криминалот, трговијата со луѓе во светски рамки на шверцерите годишно им носи добивка од 30 милијадри долари. Европската унија проценува дека годишно во земјите од Унијата се шверцуваат речиси половина милион илегални имигранти.

XS
SM
MD
LG