Линкови за пристапност

Продолжува истрагата за смртта на британскиот научник Кели - 2003-08-12


Новинарот на Би-Би-Си Ендрју Гилиган енергично ја бранеше својата контроверзна сторија дека владата на Блер ја преувеличила заканата од Ирак, спротивно на она што тогаш го велело британското разузнавање.

Господинот Гилиган кажа дека добил таква информација од Дејвид Кели, поранешниот инспектор за оружје на ОН во Ирак, кој изврши самоубиство минатиот месец откако владата го објави неговото име како извор на Би-Би-Си.

За време на сведочењето пред британската комисија задолжена за истрага на случајот Кели, Гилиган кажа дека британскиот научник му ја дал информацијата дека кабинетот на премиерот Блер ја преувеличал заканата од Ирак, со тоа што инситирал на тврдењето дека Ирак може да изврши хемиски или биолошки напад во рок од 45 минути. Новинарот вели дека го цитирал Кели кога во извештајот навел дека разузнавачките експерти се сомневале оти Ирак може да употреби такво оружје за 45 минути.

Британскиот премиер Тони Блер негира дека се работи за каква и да е измама од страна на владата, но парламентарците од опозицијата сметаат дека сведочењето на Гилиган покренува нови сомневања дали владата во овој случај ја кажува вистината.

XS
SM
MD
LG