Линкови за пристапност

Заканата од  тероризмот - 2003-08-11


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Недолжни мажи, жени и деца од преку 80 држави загинаа во терористичките напади во САД на 11ти септември 2001. Веднаш по тие ужасни чинови, беше создадена извонредна коалиција за уништување на глобалните терористички организации, со посебен акцент на терористичката група која ги изведе овие напади: Ал-Каида.

Оттогаш, САД и сојузниците осуетија преку 100 планови за терористички напади низ светот. Уште една голема победа над тероризмот беше симнувањето на режимот на Садам Хусеин во Ирак. Претходно, во Авганистан, коалицијата предводена од САД го уништи угнетувачкиот режим на Талалебан и нивните покровители од Ал-Каида.

Речиси сите оние директно вклучени во организирањето на нападите од 11-ти септември сега се притворени или потврдени за мртви. 65 проценти од главните раководители на Ал-Каида се фатени или убиени. Разбиени се терористички ќелии во Хамбург, Милано, Мадрид, Лондон, Париз и многу други градови. Блокиран е имотот на терористичките организации во вредност од стотици милиони долари. Терористичките организации од првата линија веќе не се активни.

Постигнати се многу успеси. Но, како што потенцираше главниот правобранител, Џон Ашкрофт, Ал-Каида се уште планира да ги нападне САД:

„Веруваме дека Ал-Каида и понатаму постои и дека соработници на Ал-Каида се активни во САД. Мислам дека американскиот народ разбира оти секогаш внимаваме на потенцијално присуство и активности на индивидуи во земјата кои би не повредиле одвнатре. Не станува збор само за индивидуи кои поминуваат низ земјата, иако веруваме дека и тие претставуваат опасност“.

Се додека заканата и натаму трае, ќе продолжи и борбата против тероризмот. Како што изјави претседателот Џорџ В. Буш, ова се последни мигови на терористите кои досега успешно бегаа пред правдата:

„Терористите кои се и понатаму активни треба да бидат сигурни дека ќе ги гониме дење-ноќе, во секој агол од светот, се додека повеќе нема да бидат опасност за Америка и за нашите пријатели“.

Војната против теророт се уште не е завршена, но станува се поуспешна.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG