Линкови за пристапност

Бомбашки напад врз јорданската амбасада во Багдад - 2003-08-07


Јагленосани остатоци од автомобили, стакло и човечки остатоци се расфрлани на просторот пред Јорданската амбасада во Багдад. За силината на експлозијата говори и податокот дека објектите оддалечени дури 70 метри од амбасадата претрпеа значитечна материјална штета.

Шокирани, локалните жители се насобраа на местото на експлозијата, обидувајќи се да откријат што се случило.

Американската војска го блокираше движењето во регионот со оклопни возила. Потполковникот Ерик Нанц, кој беше на местото на настанот, вели дека „жртвите од нападот се Ирачани, а не Јорданци“.

Потполковникот Нанц додаде дека засега не е познато дали се работи за самоубиствен напад или бомба детонирана во еден од автомобилите уништени во експлозијата.

XS
SM
MD
LG