Линкови за пристапност

Нови безбедносни мерки во Индонезија - 2003-08-06


Министерот за безбедност, Сусило Бамбанг Јудхојоно изјави дека индонезиската влада планира три чекори за справување со тероризмот.

“Ќе ги оспособиме нашите граѓани да бидат дел од обидите за справување со тероризмот за да се зголеми свесноста и да бидат дел од превентивните мерки“, кажа министерот.

Г-динот Јудхојоно изјави дека владата ќе воведе нови безбедносни стандарди за зградите и сите јавни простори за да се спречат нови напади како вчерашната бомба кај хотелот Мариот во Џакарта.

Полицијата вели дека постојат сличности помеѓу автомобилот- бомба пред хотелот и бомбата во Бали, минатиот октомври, кога загинаа 202 лица. Властите за овој напад ја обвинуваат Џема Исламија, регионална терористичка група поврзана со Ал-Каеда. Сепак, полицијата се уште не потврдува кој е виновен за бомбата пред хотелот.

XS
SM
MD
LG