Линкови за пристапност

Американскиот Оддел за домашна безбедност засега не планира да го зголеми нивото на тревога - 2003-08-05


Секретарот за домашна безбедност Том Риџ на прес-конференцијата рече дека засега нивото на тревога во земјата останува исто.

„Знаеме и овој напад во Џакарта не потсетува дека ние се уште сме во војна со терористите ширум светот, и оти истите тие терористи можеби бараат шанса, со нивната смрт во оваа земја да предизвикаат пустош. Но засега нема планови за зголемување на нивото на тревога“, рече господинот Риџ.

Тој потврди и дека неговиот Оддел испратил предупредување до американските аеродроми, детално да ги проверуваат камерите, комјутерите и другите електронски апарати, што би можеле да се искористат за криење на експлозив. „Од време на време, добиваме специфични информации. Откривме дека постојат напори за употреба на електронски направи за криење на екплозив. Овие информации им ги доставуваме на нашите професионалци на аеродромите и од нив бараме едноставно да ја продлабочат проверката на овие апарати, истакна секретарот Риџ.

Минатата недела, претставници на Одделот за домашна безбедност ги предупредија аеродромите и безбедносните служби дека Ал-Каида можеби ќе се обиде да изведе самоубиствени киднапирања на авиони во следните месеци.

XS
SM
MD
LG