Линкови за пристапност

Африканска конференција за СИДА-та - 2003-08-04


Делегати на владата, научните и невладините организациите во понеделникот започнаа со припремата на националниот акционен план за справување со пандемијата на СИДА. Разгорената дебата за владината политика за болестта прети да ја засени работата.

Активистите обвинуваат дека владата се уште го нема целосно имплементирано планот за спречување на преносот на ХИВ, вирусот кој предизвикува СИДА, од мајка на дете. Минатата година, уставниот суд нареди на владата да обезбеди лек кој се вика невирапин, наменет за мајките и децата во периодот на пораѓање. Лекувањето со невирапин оневозможува пренос на вирусот во 70 проценти од случајите кога ХИВ позитивна мајка се пораѓа.

Растечка е и лутината поради тоа што владата не успеа да обезбеди анти-ретровирални лекови во државните медицински установи. Освен што го подобруваат квалитетот на животот на пациентите болни од СИДА, овие лекови го намалуваат и бројот на вирални ќелии во телото, со што им овозможуваат на пациентите подолг живот.

Потпретседателот на Јужна Африка, Јакоб Зума, ги извести делегатите дека владата во моментов преговара околу обезбедување меѓународно финансирање на план што ќе понуди лекување на заболените од СИДА. Неговото уверување не беше добро примено од организациите, кои рекоа дека владата работи многу бавно, при тоа предизвикувајќи непотребна смрт на илјадници.

Јужна Африка има најголем број заболени од ХИВ и заразени лица во светот, бројка која е проценета на 9 милиони. Околу 600 илјади Јужноафриканци умираат секој ден од СИДА.

XS
SM
MD
LG