Линкови за пристапност

Бремер: Реално е изборите во Ирак да се одржат до средината на 2004 година - 2003-07-31


Генерал-потполковникот Рикардо Санчез, кој раководи со коалиционите трупи во Ирак, инсистира на тоа дека коалицијата ќе го скрши кругот на насилство.

„Учиме од секој инцидент. Ги прилагодуваме нашите процедури и новите информации ги добиваат сите во составот на нашите сили. Тоа се прави секојдневно“, рече г-динот Санчез.

Првиот човек на Привремената коалициона управа во Ирак, Пол Бремер денес изјави дека управувањето со владата постепено преминува во рацете на Ирачаните. Зборувајќи за време на повторното отварање на ограбеното и опожаренето Министерство за надворешни работи во Багдад, г-динот Бремер кажа дека изборите во Ирак можно е да бидат организирани кон средината на следната година, ако не и порано.

„Прашањето е колку време ќе им биде потребно да го напишат Уставот, кој потоа треба да го одобри ирачкиот народ. Реално е да се очекува да имаме избори до средината на 2004-та година“, истакна г-динот Бремер.

Г-динот Бремер кажа дека пред одржувањето на изборите, во Ирак треба да се оствари попис на населението, да се дефинираат изборните единици, и да се донесе изборен закон. Од 25-члениот Ирачки владин совет се очекува и да го комплетира уставот и да го достави до ирачкиот народ на реферндум.

XS
SM
MD
LG