Тоа ќе биде најголема исплата досега во рамки на програмата на Стејт Департментот наречена “Награда за правда“ и најбро исплатена награда. Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер вели дека брзата исплата е со цел да се истакне кредибилитетот на американската програма за награди додека продолжува потрагата по Садам Хусеин:
„Важно е, пред се, да им се покаже на луѓето дека го правиме она за што зборуваме и имаме намера јасно да им ставиме на знаење дека доколку понудиме награда, тогаш и стоиме зад тоа. Да разјасниме дека тоа е многу важно за нас и дека искрено ги цениме напорите на ова лице и ризикот што го презеде“, рече тој.
Господинот Баучер одби да даде детали за идентитетот на информаторот, за кој се подразбира дека е Ирачанец, ниту пак дали тој ќе ги искористи одредбите од програмата со кои има право да биде префрлен во САД и да ужива други видови на заштита.
Портпаролот на Стејт департментот подвлече дека наградата од 25 милиони долари за информацијата што ќе доведе до фаќање на Садам Хусеин и натаму е на сила.