Линкови за пристапност

Ставовите на премиерот Блер за тероризмот - 2003-07-31


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Во неодамнешното обраќање пред американскиот Конгрес, британскиот премиер Тони Блер предупреди на натамошната опасност од терористите и од државите што ги поддржуваат. Целта на тероризмот, рече Блер, не е само актот на свирепа деструкција:

„Целта е и реакцијата што настојуваат да ја предизвикаат: економски колапс, уназадување, омраза, поделба, елиминација на толеранцијата, општествата да прекинат да ги надминуваат разликите во нив, туку да почнат се дефинираат по нив. Кашмир, Блискиот Исток, Чеченија, Индонезија, Африка - скоро е невозможно континент или нација да не е погодена“.

Ризикот, изјави премиерот Блер, е дека тероризмот и државите кои развиваат оружје за масовно уништување се соединуваат:

„И кога луѓето ќе речат - тој ризик е измислен, јас велам дека ние знаеме дека Талебанците ја поддржуваа Ал-Каеда. Занеме дека Ирак во времето на владеењето на Садам поддржуваше терористи и им пружаше засолниште. Знаеме дека има земји на Блискиот Исток кои активно финансираат и помагаат луѓе кои сметаат дека е Господова желба, во актот на самоубиство, да земат што е можно повеќе недолжни животи со себе, на нивниот пат до Господовата пресуда“.

Некои од овие земји, истакна г-динот Блер, очајно се обидуваат да дојдат до нуклеарно оружје:

„Знаеме дека компании и поединци кои ја имаат неопходната експертиза го продаваат на оној кој ќе понуди најмногу и знаеме дека барем една држава, Северна Кореја, го остава својот народ да гладува додека троши милијарди за развивање на нуклеарно оружје и за извезување на технологијата во странство“.

Луѓето прашуваат како може Британците, Американците и нивните сојузници да бидат сигурни дека тероризмот и оружјето за масовно уништување ќе се здружат. Да напомене само една работа, вели г-динот Блер:

„Ако сме згрешиле, барем ја уништивме заканата која одговорна за нехуманите колежи и страдања. Тоа е нешто што јас сум сигурен дека историјата ќе го прости. Но, ако нашите критичари грешат, ако ние сме во право.....и ако не дејствувавме, тогаш ќе се колебавме пред ова зло во моменти кога било потребно да преземе раководна улога“.

Тоа е нешто, кажа г-динот Блер, што историјата нема да го прости.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG