Линкови за пристапност

Блер ги убедува Британците во оправданоста на ирачката војна - 2003-07-30


Г-динот Блер вели дека мора да одговори на недовербата во јавноста во врска со причините за влегување во војна во Ирак.

“Луѓето треба да знаат дека она што го направивме во Ирак беше исправно и оправдано. И ова е нешто кое со време треба да го докажеме, а не само да го велиме, и тоа се однесува на оружјето за масовно уништување и на напредокот во Ирак“, изјави британскиот премиер.

Популарноста на г-динот Блер значително опадна во изминативе недели, во најголем дел поради војната во Ирак.

Премиерот не зборуваше за наводното самоубиство на британскиот научник за оружје, Дејвид Кели. Кели беше идентификуван како главен извор за жестоко оспоруваната вест според која владата на Блер ги преувеличила воените способности на Ирак пред војната.

Г-динот Блер ги одбива овие обвинувања, што се и предмет на судска истрага.

XS
SM
MD
LG