Линкови за пристапност

Американскиот претседател од Израел бара внимателно разгледување на последиците од своите постапки - 2003-07-29


Нема дилема оти претседателот е задоволен со целокупниот статус на мировниот процес, но кажа дека тој процес е кревок и дека ја споделува загриженоста на Ариел Шарон.

„Јас исто така побарав од премиерот внимателно да ги разгледа последиците од израелските акции, како што тече спроведувањето на мапата кон мирот“, рече американскиот лидер.

Едно од прашањата е израелската одлука за изградба на безбедносна ограда на Западниот брег. Господинот Шарон рече дека овој проект ќе продолжи.

„Изградбата на безбедносната ограда ќе продолжи со минимизирање на секаква можност за нарушување на секојдневното живеење на палестинското население“, истакна премиерот Шарон.

Палестинската управа остро се противи на поставувањето на безбендосната ограда. Претседателот Буш вели дека тоа е чувствително прашање, истакнувајќи оти најдобар начин за борба против тероризмот е растурање на милитантните групи, како што е Хамас.

XS
SM
MD
LG