Линкови за пристапност

Уапсен еден од телохранителите на Садам Хусеин - 2003-07-29


Прес-центарот на коалицијата во Ирак го потврди апсењето на еден од телохранителите на Садам Хусеин за време на воената операција во Тикрит.

Американски армиски претставници велат дека телохранителот, Аднан Абдула Абис ал-Муслит, бил еден од притворените во операцијата. Тие информираа дека војниците два пати пукале пред да упаднат во куќата и да го заробат телохранителот. Неколку минути подоцна тој бил бил изведен од куќата.

Потполковникот Стив Расел, кој учествуваше во операцијата, кажа дека фатеното лице е близок соработник и долгогодишен телохранител на Садам Хусеин.

Американски армиски претставници велат дека добиваат нови разузнавачки информации за тоа каде можеби се наоѓа Садам Хусеин, како од Ирачаните, така и од извршените рации. Според американската армија, тој во моментов бега од едно на друго место за да се сокрие.

САД понудија награда од 25 милиони долари за информација што ќе доведе до Садам Хусеин. САД сметаат дека неговото пронаоѓање ќе помогне да се стави крај на герилските акции во кои, од завршувањето на главните борбени операции на први мај, беа убиени речиси 50 американски војници.

Американските војници во Тикрит исто така открија големо количество на оружје, доволно, како што велат, да се изведуваат герилски напади цел месец.

XS
SM
MD
LG