Линкови за пристапност

Конгрес - Ирак - 2003-07-28


Сенаторот Либерман, демократ од Конетикат, кој сака да ја добие номинацијата на неговата партија во претседателската трка следната година, вчера одржа говор на Капитол Хил во одбрана на својата енерегична поддршка за американската воена акција во Ирак.

Тој кажа дека фактите да се појде во војна против Садам Хусеин бил многу силни, образложувајќи дека поранешниот ирачки лидер извршил инвазија на своите соседи, го убивал и угнетувал сопствениот народ, финансирал терористи и создавал оружје за масовно уништување.

Забелешките на Сенаторот Либерман беа насочени кон неколку други демократски кандидати за претседател, пред се кон поранешниот гувернер на Вермонт, Хауард Дин, кој е најгласен противник на војната.

„Некои во мојата партија испраќаат порака дека практично не постои праведна војна, и згора на се, дека не се подготвени да ја употребат нашата воена сила за заштита на нашата безбедност и каузата на слободата“, вели господинот Либерман

Енергичниот став на господинот Дин против војната ги раздвижи духовите во партиските редови на демократите. Но, некои умерени Демократи се загрижени дека господинот Дин нема добро да мине на претседателските избори заради тоа што беше против војната која најголем дел од Американците ја поддржаа.

Иако Демократите остануваат поделени по прашањето на војната, тие се обединети кога се работи за критикување на начинот на кој владата на претседателот Буш ги третирала предвоените разузнавачки податоци за ирачките програми за оружје, како и во однос на повоеното планирање.

Сенаторот Либерман ги повтори прашањата кои ги поставуваат другите Демократи, како на пример зошто никој во администрацијата не се земе на одговорност за изјавата на претседателот Буш во редовното годишно обраќање до нацијата во јануари, кога кажа дека Ирак се обидувал да набави ураниум од Африка. Таа информација, инаку клучна во причините за влегување во војна, по големи критики во медиумите, беше дискредитирана од страна на Централната разузнавачка агенција.

Господинот Либерман исто така ја критикуваше владата за недоволно планирање во повоен Ирак:„Денеска ја плаќаме цената. Најлошото оружје можеби веќе стигнало на отворен пазар. Многу малку држави застанаа на наша страна, убиствата на американските војници се случуваат со болна фрекфентност. Не мораше да биде така“.

Во меѓувреме, друг демократски претседателски кандидат, сенаторот Џон Едвардс од Северна Каролина, го повтори повикот до владата веднаш да побара меѓународна помош во напорите за стабилизирање и обнова на Ирак.

XS
SM
MD
LG