Линкови за пристапност

Најнови вести, 26 јули - 2003-07-25


Ирак

Командант на американската армија во Ирак вели дека коалиционите сили можно е да се доближуваат до Садам Хусеин. Американскиот генерал Реј Одиерно вели дека информацијата на еден Ирачанец довела до вчерашното апсење на лица за кои се верува дека се дел од личното обезбедување на Хусеин. Осомничените се испрашуваат, но се уште не е познато кога последен пат биле со поранешниот ирачки лидер. Во меѓувреме, американската армија дозволи сликање на телата за кој се вели дека се оние на синовите на Хусеин. Снимањето беше дозволено откако многу Ирачани кажаа дека фотографиите не се доволно јасни за да ги убедат дека навистина се работи за телата на браќата Удај и Кусај Хусеин.

Либерија

Претседателот Буш нареди американски трупи да се позиционираат долж брегот на Либерија и да помогнат во распоредувањето на западноафриканските мировници во земјата. Г-динот Буш рече дека американската улога ќе биде ограничена во обем и времетраење додека мулти-националните сили со мандат на ОН не ја преземат одговорноста за мировните операции во Либерија и додека претставници на ОН не обезбедат политичка транзиција. Американскиот претседател не појасни колку војници или бродови би биле инволвирани во операцијата. Во меѓувреме, продолжува насилството во Либерија. Од престрелките во главниот град Монровија загинаа 10-тина лица, додека бунтовниците се борат против владините сили за соборување на претседателот Чарлс Тејлор од власт.

Мировен процес

Претседателот Буш вели дека тој и палестинскиот премиер Махмуд Абас ја споделуваат истата цел - Израелците и Палестинците да живеат во две слободни и безбедни држави. Зборувајќи во Белата куќа г-динот Буш пофално се изрази за премиерот Абас и новото палестинско раководство, ветувајќи дека прашањата за концесси од израелска страна ќе ги покрене пред израелските претставници. Претседателот Буш сепак предупреди дека ниту едно од покрупните прашања не може успешно да се реши се додека не се искоренат терористичките активности, кој ги нарече главна пречка за мирот. Тој кажа и дека животите на Палестинците мора да се подобрат и го соопшти создавањето на Обединетатата палестинска група за економски развој. Г-динто Абас ја изрази својата почит за мировните напори на американскиот претседател.

Макеоднија-Рамковен договор

Високи американски и претставници на ЕУ во Македонија пофално се изразија за напредокот на земјата при имплементирање на Рамковниот договор. Американскиот амбасадор во Македонија, Лоренс Батлер ја пофали земјата заради успехот да избегне граѓанска војна од големи размери и ја нарече извонреден исклучок од земјите во регионот. Специјалниот претставник на ЕУ во Македонија, Алексис Брунс истакна дека земјата постигнала поголем напредок од очекувањата дури и од оние на оптимистите. Двајцата претсатвници ова го изјавија пред престојната втора годишница од потпишувањето на Рамковниот договор во Македонија.

Северна Кореја

САД воведоа нови санкции против државната севернокорејска фирма која наводно продолжува да продава делови од проектили и технологија. Стејт Департментот денеска ги објави овие мерки. Се работи за Корпорацијата Чангванг Синјонг, која е севернокорејска компанија што и порано е споменувана. Пред три недели САД воведоа санкции за оваа фирма затоа што наводно продавала технологија за прокетили на Иран. Санкциите се главно симболични затоа што САД веќе ја забранија трговијата со Северна Кореја. Во меѓувреме, советникот за национална безбедност на јужна Кореја, Ра Јонг-јил кажа дека мултилатералните преговори за програмата за нукеларно оружје на Северна Кореја можно е да се одржат веќе идниот месец. Тој не кажа кои земји би можеле да учествуваат.

Русија-пресуда

Адвокатот на Јури Буданов, руски полковник осуден денеска на 10-годишна казна затвор за киднапирање и убиство на млада Чеченка, вели дека ќе поднесе жалба на одлуката. Алексеј Дулимов ја критикуваше острата и неправедна одлука на воениот суд во јужна Русија. Јури Буданов за време на сослушувањето пред три години, призна дека ја задавил 18-годишната Елза Кунгајева во напад на бес, велејќи дека верувал оти таа е чеченски снајперист. Буданов е офицер од највисок ранг кому досега му е судено за злосторства извршени во чеченскиот конфликт.

XS
SM
MD
LG