Линкови за пристапност

Претседателот Буш разговараше со премиерот Абас за мапата кон мирот - 2003-07-25


Претседателот Буш кажа дека господинот Абас и израелскиот премиер Ариел Шарон напредуваат со таканаречената мапа кон мирот и дека тој верува оти тие заедно ќе донесат подобра иднина за регионот.

“Ова е време на можности за Блискиот Исток и за народот во регионот кој смета на своите лидери дека ќе ги искористат можностите за мир и напредок. Многу години и многу животи беа потрошени заради омраза и насилство“, изјави претседателот Буш.

Господинот Абас го повика Израел да ослободи повеќе затвореници, да запре со опсадата на палестинскиот лидер Јасер Арафат и да запре со изградбата на еврејски населби на окупираните територии.

Господинот Буш кажа дека израелската безбедносна ограда низ Западниот брег претставува проблем за кој ќе разговара со премиерот Шарон на нивната средба в среда.

Претседателот му се заблагодари на господинот Шарон за преземените чекори за намалување на загриженоста на Палестинците со тоа што се ослободени повеќе затвореници, затоа што се остранети контролни пунктови и за предавањето на надлежностите за безбедноста во повеќе градови на Западниот брег.

XS
SM
MD
LG