Линкови за пристапност

Демократите ги бараат информациите за Саудиска Арабија - 2003-07-25


Во Претставничкиот дом, Демократите од претседателот Буш бараат да дозволи објавување на делот од извештајот што се однесува на Саудиска Арабија, велејќи дека време е да се подигне велот на тајноста за можната саудиска вмешаност во настаните од 11-ти септември.

Саудиска Арабија беше критикувана и за време на расправата во Претставничкиот дом во врска со легислативата за странска помош.

Конгресменот Ентони Винер, демократ од државата Њујорк, се обиде да претстави предлог-закон со кој би се исклучила мала сума на пари порано наменета за финансирање на образованието на припадници на саудиската армија.

“Ова е наша единствена можност да и кажеме на саудиската влада дека очекуваме промена во нивното однесување. Така и на колегите од Стејт Департмент ќе им покажеме дека на Саудиска Арабија треба да фрлат реален поглед“, изјави Винер.

Конгресменот Винер, еден од потписниците на писмото до претседателот Буш, подоцна предложи и акт за ставање на Саудиска Арабија на листата земји на американскиот Стејт департемент кои поддржуваат тероризам.

И обата предлога беа одбиени. Ова е конгресменот Гери Акерман:

“И Саудиска Арабија се обидува како и останатиот дел на светот, од терористичката закана, што се стреми да ја собори нивната влада, како и некои други“, смета господинот Акерман.

Повици за декласифицирање на тој дел од извештајот се слушнаа и во расправа во Сенатот.

XS
SM
MD
LG