Линкови за пристапност

Конгресот го разгледа извештајот за терористичките напади на 11 септември - 2003-07-25


Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси од Калифорнија е една од оние конгресни претставници што го објавија извештајот составен од 900 станици во кој остро се критикуваат постапките на разузнавачките агенции пред нападите.

“Тие не разменувале информации, тие не обезбедиле при анализите да бидат употребени техники со највисоки стандарди и не се фокусирале соодветно на можноста дека терористи од странство би можеле да ги нападнат САД“,кажа Пелоси.

Едно од откритијата во извештајот е дека разузнавачките агенции уште во 1994 година добиле информации дека терористите разгледуваат можност за употреба на авиони за напади, но агенциите не презеле ништо во однос на тоа.

Во извештајот се наведува дека двајца од киднаперите од 11 септември, во периодот од шест па и повќе месеци во текот на 2002 година, имале бројни контакти со сораобтници на Федералното истражно биро во Сан Диего, Калифонија. Според извештајот, Централната разузнавачка агенција знаелеадека овие две лица имале врска со терористичката мрежа Ал Каида, но овие информации никогаш не биле споделени со Еф Би Ај, ниту пак имињата на двејацата биле ставени на листата за следење на терористи, со што би се спречило тие да влезат во САД.

Сенаторот Боб Грем, кој е поранешен претседавач со Сенатската Комисија за разузнавање и е во трката за номинација за претседателски кандидат од Демократската партија за изборите следната година, изјави:

“Нападите од 11 септември можеле да се спречат доколку задачата беше извршена со вистинска комбинација на вештина, соработка, креативност и малку среќа“, вели Греам.

Сепак, и по речиси две години од нападите, многу работи останаа непознати. Конгресменот Портер Гос, републиканец од Флорида кој претседава со Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, тоа вака го изрази:

“Не знам како точно биле спроведен заговорот од 11 септември. Не знам ни каде, ни кога, ни зошто, ниту кој. Сега знам повеќе од претходно, но се уште имам празнини“, смета Гос.

Портпаролот на Белата куча, Скот МекКлилан изјави дека извештајот на Комисијата „го потврдува значењето на силниот, агресивен став што администрацијата го зазеде за подобра заштита на американскиот народ и дома и во странство“.

XS
SM
MD
LG