Линкови за пристапност

Богатството на ирачките владејачи - 2003-07-23


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Иранските екстремистички муслимански свештенски лидери се самопрогласени владетели, тие не се избрани од народот. Од каде овие самопрогласени верски лидери го добиваат сето ова богатство. Не од Господ. Го украле од иранскиот народ.

Не е чудно што многумина Иранци изминативе недели простираа против свештенскиот режим. Смачено им е да бидат сиромашни додека нивните неправедни владеачи ги трошат ресурсите на земјата за поддршка на меѓународниот тероризам, за производство на нуклеарно оружје и за сопствено збогатување.

Иран има потенцијал да биде богата земја. Како што истакнува Пол Клебников, еден од главните уредници на списанието за бизнис Форбс, Иран поседува околу 9 проценти од светската нафта и 15 проценти од природниот гас. Но, додека економската состојба во последниве децении се подобри во повеќето земји, г-динот Клебников вели дека примањата по глава на жител во Иран денес се за седум проценти помали во споредба со оние од пред Исламската револуција во 1979-та година.

За време на револуцијата, иранските свештенски лидери ја презедоа контролата врз нафтената индустрија во земјата, а го присвоија и приватниот имот како банки, хотели, автомобили како и компании за производство на хемикалии и лекови. Поголем дел од овој имот беше даден на таканаречените исламски добротворни фондации кои прават милиони долари за иранските свештенски лидери и нивните поддржувачи.

Меѓу оние кои важат за многу богати во Иран, според написот во списанието Форбс, е Ајатолахот Али Акбар Хашеми Рафсанџани и неговото семејство. Рафсанџани беше спикер на Парламентот во 1980 година и негов претседател од 1989 до 1997-та. Сега раководи со таканаречениот Практичен совет, кој ги решава споровите меѓу свештенската власт и реформистичкиот Парламент. А како што на Иранците тоа добро им е познато, споровите речиси секогаш изгледа завршуваат во корист на свештениците.

Портпаролот на америкаснкиот Стејт департмент, Ричард Баучер вели САД јасно ставија на знаење какво е расположението кај нас.

„Тие се со оние кои ги поддржуваат реформите. Тие се со оние кои ја поддржуваат демократијата. Тие се со оние кои повикуваат на повеќе реформи и демократија во Иран“, вели тој.

Како и сите луѓе, Иранците заслужуваат слобода, вклучувајќи го и правото да изберат нивна сопствена влада и праведно да го споделуваат богатството во нивната земја.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG