Линкови за пристапност

Строу:Синовите на Садам Хусеин направија фатална грешка што не прифатија да заминат во егзил - 2003-07-23


Британија вели дека Удај и Кусај Хусеин направиле фатална грешка со одбивањето на понудите, порано годинава, да заминат во егзил.

Британскиот секретар за надворешна политика, Џек Строу вели дека смртта на браќата Хусеин дошла по неколкумесечните повици до и нив и до нивниот татко да го напуштат Ирак.

Г-динот Строу за британското радио изјави: „Не се радувам. Жалам за сечија смрт. Но, мора да се каже дека ова е големо олеснување за сите Ирачани. На Удај и Кусеи, како и на нивниот татко им беше дадена можност да останат живи, а тоа е шанса што многу од нивните жртви ја немаа“.

Секретарот Строу потсети дека во јануари, заедно со американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд на Хусеин им понудија егзил надвор од Ирак. Тоа бил јасен ултиматум да ја напуштат земјата пред започнувањето на војната, вели британскиот секретар за надворешни работи.

Г-динот Строу ги опишува браќата Хусеин како исклучително незгодни психопати, кои вршеле надзор на тероризирањето на ирачките граѓани.

Во друга разврска поврзана со Ирак, Би-Би-Си соопшти дека поседува тонска снимка која го поддржува спорниот новинарски прилог во кој се тврдело дека британската влада ја преувеличила воената закана што ја претставувал Ирак пред војната.

Се вели вели дека снимката го содржи разговорот меѓу телевизискиот новинар Сузан Ватц и Дејвид Кели, британскиот експерт за оружје, кој по се изгледа дека минатата недела се самоубил.

Би-Би-Си вели дека на снимката г-динот Кели изразува сомневање за начинот за начинот на кој владата ги презентирала разузнавачките податоци за ирачакта закана од оружје за масовно уништување. Оваа снимка ќе била презентирана на истрагата по смртта на г-динот Кели.

Имено, во мај годинава, Би-Би-Си цитираше разузнавачки извори според кои владата ја пренагласила воената способност на Ирак со тврдењето дека оваа земја може да употреби оружје за масовно уништување во рок од 45 минути.

Британската влада го негираше обвинението, што доведе до парламентарна расправа по ова прашање.

XS
SM
MD
LG