За Белата куќа, оваа вест беше видливо добредојдена. Но претседателот и неговите помошници одлучија на Пентагон да биде префрлена заслугата за по операцијата и од таму да се даваат информациите.
Неколку часа откако американскиот генерал соопшти дека Удај и Кусај се мртви, Белата куќа издаде соопштение од неколку реда.
Портпаролот Скот МекКлиланд рече дека двајцата браќа биле одговорни за неброени насилства против ирачкиот народ и дека веќе не можат, како што рече, да фрлаат сенка на омраза во Ирак.
Претседателот Буш по објавувањето на информацијата беше известуван за јавните гледишта. Тој во два телефонски разговори со секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд беше брифиран за воената операција во градот Мосул.
Првиот повик од Пентагон со кој се потврдува дека Удај и Кусај се мртви го примил шефот на Кабинет во Белата куќа Ендрју Кард. Г-динот МекКлиланд рече дека претседателот на овие вести реагирал честитајќи им на американските трупи и на разузнавачките агенции вклучени во операцијата.