Линкови за пристапност

Претставници на Пентагон навидум оптимиси дека синовите на Хусеин се меѓу убиените во денешна престрелка - 2003-07-22


Претставници на Пентагон велат дека се уште не можат да потврдат дека синовите на Садам, Кусај и Удај навистина биле убиени во акцијата што денеска ја извршија американските сили во една куќа во северниот град Мосул.

Но, тие навидум се оптимисти дека меѓу четирите ирачки жртви во акцијата, се наоѓаат и двата сина на соборениот ирачки лидер, кои беа означени како број два и три на списокот на Пентагон на најбарани припадници на поранешниот ирачки режим.

Извори од Пенатгон велат дека акцијата во која учествувале околу 200 американски војници, била изведена врз основа на информација според која било назначено дека е можно на локацијата да се наоѓаат, цитираме, “поединци за кои постои интерес“.

Куќата во која е извршена акцијата, како што се јавува, припаѓала на роднина на Садам. Според телевизиската мрежа Ал-Џезира, еден човек им кажал на американските војници дека двата сина на соборениот ирачки претседател, заедно со неговиот внук и телохранител, се наоѓале во куќата.

Кусај Хусеин ја предводеше ирачката Специјална организација за безбедност и се сметаше за можен наследник на Садам. Удај беше организатор на милицијата Федаин на поранешниот ирачки лидер и се товари дека наредувал измачување и убиства на многу Ирачани.

САД понудија награда од 25 милиони долари за информација за Садам Хусеин и по 15 милиони долари за секој од неговите синови.

XS
SM
MD
LG