Линкови за пристапност

Нова жртва во Ирак - 2003-07-22


Овој напад е последен во серијата заседи врз американските сили. Од крајот на главните борбени дејствија на 1 мај, досега загинаа 39 американски војници.

Денешниот инцидент е сличен на многу од претходните напади врз коалиционите сили. Напаѓачите испукале гранати со пропелери врз американските војници, а потоа пукале и од лесно оружје.

Нападот се случил во областа каде што живеат претежно Суни муслимани, во близина на градот Рамади, каде што се случи најголем дел од нападите врз американските сили.

Американската армија за нападите ги обвинува вооружените ќелии лојални на соборениот ирачки претседател Садам Хусеин.

Минатата недела, кога беше годишнината од револуцијата на ирачката партија Баат, речиси секојдневно имаше напади врз американските сили.

XS
SM
MD
LG