Линкови за пристапност

Буш ги обвини Иран и Сирија за поддршка на тероризмот - 2003-07-21


Иако вели дека е охрабрен од знаците на напредок на Блискиот исток, претседателот Буш кажа дека тероризмот претставува закана за сонот за мир, и упати строго предупредување до Дамаск и Техеран.

“Сирија и Иран продолжуваат да пружаат засолниште и помош на терористите. Ова однесување е целосно неприфатливо и државите што поддржуваат тероризам ќе се сметаат за одговорни“, кажа претседателот Буш.

Г-динот Буш рече дека тероризмот претставува закана и за надежите за формирање Палестинска држава.

“Поддршката и засолнувањето на терористите ги поткопува перспективите за мир на Блискиот исток“, изјави господинот Буш.

Забелешките на американскиот претседател се во време кога тој повторно се подготвува за блискоисточна дипломатска активност. Во петок во Белата куќа тој го пречекува палестинскиот премиер Махмуд Абас. Четири дена подоцна, на разговори во Вашингтон ќе пристигне и израелскиот премиер Ариел Шарон.

XS
SM
MD
LG