Линкови за пристапност

Најнови вести, 21 јули - 2003-07-21


Македонија-европски сили

Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок во Брисел, го продолжија мандатот на мировните на Унијата во Македонија до средината на декември.

Ирак

Еден американски војник и ирачки преведувач се убиени во најновиот напад врз американските сили во Ирак. Американски претставници велат дека од експлозијата на бомба повредени се уште тројца војници кои патувале во конвој во северен Багдад. Во меѓувреме, вискиот америкаски генерал во регионот, Џон Абизаид изјави дека американакста Централана команда ќе формира трупи од околу 7.000 Ирачани кои ќе бидат обучени од САД да ги штитат конвоите и да ги заменат американските сили кои во моментов ги обезбедуваат ирачките енергетски централи и складишта со муниција. Генералот Абизаид рече дека трупите с еочекува операциите да ги започнат за 45 дена.

Либерија

Најмалку 50 лица загинаа од гранатен напад во либерискиот главен град Монровија, каде бунтовничките сили се борат за симнување од власт на претседателот Чарлс Тејлор. Спасувачките екипи велат дека денеска загинале 18 лица кога граната погодила куќа во северниот дел на Монровија, кој се наоѓа под контрола на бунтовниците. Според медиумските извештаи најмалку 27 цивили и непознат број борци загинале во други напади. Претседателот Буш денеска изјави дека Вашингтон соработува со западно-африканските земји за да одреди дали е подготвен да испрати мировни трупи во Либерија. Во меѓувреме, евакуирани се цивилите од американската амбасада во Монровија која денеска е погодена од граната, во време кога четириесет и еден американски маринец пристигна од Шпанија како засилување на обезбедувањето.

Буш-Берлускони

Претседателот Буш ги обвини Сирија и Иран за обезбедување засолниште и помош за терористите. Зборувајќи во Крафорд, Тексас, г-динот Буш рече и дека овој однос е сосема неприфатлив, додавајќи дека земјите кои продолжуваат да обезбедуваат засолниште за терористите ќе се сметаат за, како што кажа, целосно одговорни. Претседателот ова го изјави за време на заедничката прес-конференција со италијснскиот премиер Силвио Берлускони. Г-динот Буш ги повика и лидерите од Блискиот Исток да го поддржат израелско-палестинскиот мировен процес преку борба против тероризмот во сите негови форми.

Авганистан

Авганистанската Влада изразува загриженост поради тоа што талебански борци ја преминуваат границата од Пакистан за да вршат напади во Авганистан. Порпаролот на претседателот, Џавед Лудин изјави дека тие преку ден ја минувале границата, а потоа брзо исчезнувале кога ќе ги отркијат. Загриженоста на Авганистан се совпадна со соопштението на американската армија дека талебанските герилци изведувале напади во изминатиов месец во јужниот дел на Авганистан. Портпаролот на американската армија во воздухопловната база Баграм, поручникот Родни Дејвис, изјави дека 24 талебански борци загинале за време на акција во близина на градот Спин Болдак каде во саботата герилците нападнале конвој на коалицијата

XS
SM
MD
LG