Линкови за пристапност

Најнови вести, 21 јули - 2003-07-21


Блер во Азија

Британскиот премиер Тони Блер се заложи за поголема демократија во Хонг Конг, поранешната британска колонија која се противи на предложениот анти-субверзивен закон. Господинот Блер ова го кажа денеска во Пекинг по разговорите со врвните кинески лидери. Тој рече дека се надева оти процесот со кој ќе се донесат демократски промени во Хонг Конг може да напредне. Британскиот лидер треба утре да отпатува за Хонг Конг, како продолжение на неговата куса посета на Кина. Пекинг го поддржува напаѓаниот хонгконшки раководител Тунг Чи-хва, среде се поголемото јавно незадоволство со неговата администрација. Овој месец имаше три големи протести против антисубверзивната легислатива, за која критичарите велат дека ќе ги одземе слободите на граѓаните.

Буш-Берлускони

Претседателот Буш е домаќин на италијанскиот премиер Силвио Берлускони на неговиот ранч во Тексас, каде разговараат за ирак и за трансатлантските односи. Двајцата лидери се очекува нешто подоцна денеска да имаат заедничка средба со новинарите. Италијанскиот премиер неодамна го презеде ротирачкото претседателство на ЕУ. Италија, Шпанија и Британија, меѓу другите, ја поддржаа војната предводена од САД во Ирак додека многу други членови на ЕУ беа против. Покрај Ирак, двајцата лидери најверојатно ќе разговараат и за тероризмот, како и за забраната на ЕУ за увоз на генетички модифицирана храна од САД.

Северна Кореја

Јужнокорејскиот претседател Ро Му-хјун не придава големо значење на американските медиумски извештаи дека Северна Кореа можеби изградила втора централа за преработка на нуклеарно гориво. Портпарол на претседателот во Сеул денеска кажа дека нема јасни докази што би го поддржале тврдењето. Њујорк Тајмс во неделата соопшти дека постојат силни докази оти Северна Кореа изградила втора централа за процесирање на плутониум со чистота за употреба во оружје. Во извештајот се цитираат неименувани американски и азиски претставници. Тие кажаа дека сензорите на Севернокорејската граница откриле зголемено ниво на гас што се ослободува при преработка на плутониум. Еден американски претставник е цитиран дека рекол оти доказите не се конечни, но се многу загрижувачки.

Либерија

Бунтовничките сили кои се борат за симнување од власт на либерискиот претседател Чарлс Тејлор се пробиваат назад кон клучните мостови во Монровија. Главниот град растргнат со војна, додека американските трупи пристигнуваат како засилување на обезбедувањето на американската амбасада. Борбите денеска беа силни на оддалечената страна на двата моста кои водат кон крајбрежниот центар на Монровија додека гланата бунтовничка група, Либеријци обединети за помирување и демократија, ги обновија нападите на градот. Гранати паднаа на северниот дипломатски кварт што е окупиран од бунтовници, каде илјадници цивили од областите каде владее безредие најдоа засолниште. Насилството се интензивира додека владините трупи ветуваа борба до смрт и САД испратија 41 маринец од Шпанија како подготовка за можна евакуација на американски граѓани.

Иран-Канада

Истрагата на иранската влада по смртта на канадскиот фоторепортер додека бил во ирански притвор овој месец, заврши со заклучокот дека таа умрела од силен удар во главата. Владиниот извештај вели дека Захра Каземи, која била со иранско потекло, претрпела фрактура на черепот што довела до крвавење во мозокот. Извештајот не кажува кој е виновен за инцидентот ниту како се случил , но предлага натамошна истрага во таа насока. Во неделата, еден реформски ирански законодавец кажа дека госпоѓа Каземи била претепана до смрт заради фтографирање на озлогласениот техерански затвор Евин.

XS
SM
MD
LG