Линкови за пристапност

Нов герилски напад кај Багдад - 2003-07-21


Војникот и преведувачот се убиени во герилски напад, додека со возило се движеле низ северното предградие на Багдад, Сулајк.

Портпаролот на коалицијата изјави дека војникот служел во Првата Дивизија, и дека напаѓачите детонирале импровизирана експлозивна направа по што следел и напад со лесно огнено оружје.

Ова е најнов од серијата напади со речиси идентична тактика од петокот - наваму, во кои вкупно загинаа 4 американски војници. Главниот цивилен администратор Пол Бремер во неделата изјави дека нападите се дело на мали единици лојални на Садам Хусеин.

Нападите се случуваат во периодот на годишнината од револуцијата на партијата Баат од 1968-ма година. Садам ја превзема контролата над партијата и над земјата во 1979-та.

XS
SM
MD
LG