Линкови за пристапност

Би-Би-Си потврди  дека соработувале со научникот Кели - 2003-07-21


Директорот на вестите во Би Би Си, Ричард Самбрук, кажа дека компанијата ќе го предаде сиот материјал на независната работна група која врши истрага за причините за смртта на д-р Кели.

“На лордот Хатон ќе му ги предадеме сите детали за сите контакти на двајцата новинари на Би Би со д-р Кели, вклучувајќи ги белешките и останатите материјали што обајцата новинари ги направиле“, изјави Самбрук.

Содржината на белешките би можела да биде штетна по владата на Тони Блер, доколку наводите дека таа ги пренагласила разузнавачките информации за да го оправда нападот врз Ирак се покажат точни. Британскиот премиер, кој во моментов се наоѓа на турнеја низ Азија, ги отфрли барањата Парламентот повторно да расправа по ова прашање.

XS
SM
MD
LG