Линкови за пристапност

Буш-Блер: Одлуката за војната  во Ирак е правилна - 2003-07-18


Претседателот Буш вели дека донел правилна одлука кога дал наредба американските трупи да отпочнат акција против режимот на Садам Хусеин. Придружуван од премиерот Блер, г-динот Буш пред новинарите во Белата куќа јасно кажа дека не жали за тоа.

„Некогаш не би ги ризикувал животите на американските граѓани, претпоставувајќи добра волја на опасен непријател“, рече американскиот претседател.

Г-динот Буш кажа и дека Садам Хусеин претставувал вистинска закана и дека обвиненијата на САД и Британија изречени пред војната околу оружјето за масовно уништување ќе се покажат точни.

Едно од обвиненијата беше и ирачкиот обид да купи ураниум за производство на нуклеарно оружје од Африка. Иако дел од документацијата која го подржуваше ова тврдење се покажа неоснована, г-динот Блер кажа дека се уште стои зад тврдењето.

„Веруваме дека британските разузнавачки податоци што ги поседувавме, се веродостојни“, рече тој.

Проблематичната информација претседателот Буш ја вметна во текстот на годишното обраќање до нацијата во јануари, што ги наведе критичарите да го обвинат за искривување на доказите со цел да добие поддршка за војната во Ирак.

XS
SM
MD
LG