Линкови за пристапност

Одделот за правда не соработува со судот за случајот Мусауи - 2003-07-15


Главниот правобранител Џон Ешкрофт вели дека нема да дозволи Закариас Мусауи да го испрашува Рамзи Биналшип, кој од страна на обвинителите се смета за клучен оперативец на Ал Каида кој помогнал во организирањето и финансирањето на нападите во 2001 година.

Г-динот Мусауи самиот се брани во судскиот процес за убиство и конспирација. Тој инсистира дека сведочењето на г-динот Биналшип ќе го разјасни неговото неучество во заговорот за напади врз Светскиот трговски центар и Пентагон.

Но Одделот за правда го извести судијата што го води процесот дека нема да дозволи пристап до Рамзи Биналшип, бидејќи со тоа би можело да и се наштети на националната безбедност. Г-динот Биналшип беше уапсен во Пакистан минатата година и според извештаите тој соработувал со истражителите за апсење на други оперативци на Ал Каида.

Одбивањето на главниот правобранител да дозволи пристап до сведокот, може да доведе до тоа, судијата во процесот да ги отфрли сите обвиненија против Закариас Мусауи. Тоа за возврат би можело да предизвика владата да го пренесе случајот од граѓанскиот судски систем пред воениот трибунал, каде обвинетите имаат помалку права.

Г-динот Мусауи и натаму е единствената личност обвинета за заговор за извршување на нападите од 11 септември 2001. Тој беше уапсен неколку недели пред нападите, во Минесота каде што посетувал училиште за летање.

Г-динот Мусауи објави дека е член на Ал Каида и лојален на Осама бин Ладен, но рече дека нема врска со септемвриските напади.

Судскиот процес против него се води во Александрија, федералната држава Вирџија, во непосредна близина на Вашингтон.

XS
SM
MD
LG