Линкови за пристапност

Средба Буш-Анан - 2003-07-14


Средбата меѓу господата Буш и Анан доаѓа по нивната турнеја низ Африка и во време кога американската влада го разгледува прашањето дали да испрати мировни трупи во Либерија.

Советникот на претседателот Буш за националана безбедност, Кондолиза Рајс вели дека оваа опција и натаму е на маса, а во интервјуто за Си-Ен-Ен, таа посочи за можноста за соопштување на одлуката за прашањето, за време на посетата на секретарот Анан на Вашингтон.

„Очигледно ќе учествуваме во обид да се постигне стабилност. Но што значи тоа, мислам дека, треба допрва да видиме“, рече г-ѓа Рајс.

Ова ќе биде прва средба лице в лице меѓу претседателот и генералниот секретар, по неодамнешната контроверзна дебата околу Ирак. По завршувањето на поголемите воени операции во Ирак, обете страни се обидуваат да ги намалат тензиите за тоа дали воената акција во оваа земја била потребна.

Улогата на ОН во повторната изградба на Ирак, ќе биде една од главните теми на денешната дискусија во Белата куќа.

XS
SM
MD
LG