Линкови за пристапност

Американски и канадски астрономи ја открија настарата позната планета што орбитира околу две ѕвезди во соѕвездието Скорпион - 2003-07-11


Земјата и соларниот систем се релативно млади. Тие настанале пред само 4,5 милијарди години, во споредба со околу 14 милијарди години стариот универзум. Но астрономите открија планета која е стара речиси колку и космосот.

Истражувачот од Државниот универзитет во Пенсилванија, Стеин Сигурдсон вели дека оваа планета е стара 13 милијарди години и практично била создадена кога универзумот се уште бил на своите зачетоци.

„Мислиме дека откривме пример на првата генерација планети создадени во универзумот. Мислиме дека оваа планета е формирана пред 13 милијарди години, кога галаксијата била многу млада и во процес на формирање, и дека оваа планета е формирана со најпрвата и најрана генерација на ѕвезди, кои во нашата галаксија се создадени многу време пред сонцето“, вели господинот Сигурдсон.

Планетата е создадена од гас како и Јупитер, но е два и пол пати поголема. Таа се наоѓа во соѕвездието Скорпион, оддалечено 5.600 светлосни години, многу оддалечена од чифтот ѕвезди околу кои се движи. Нејзината година е еквивалентна на 100 наши години.

Планетата не е видлива од Земјата, но научниците ја откриле индиректно со набљудување на една од чифтот ѕвезди со радио-телескоп на земјата. Ѕвездата е брзо движечката, со неправилна форма, наречена пулсар, која вртејќи се испраќа светлосни импулси. Природата на светлосните зраци го довеле научниците до заклучок дека таа е дел од чифтот огнени ѕвезди кои орбитираат една околу друга. Тие велат дека подоцна заклучиле оти таму постои уште едно тело, планета која на одредена оддалеченост се врти околу нив.

Алан Бос, експерт за создавање на планетите, кој не учествувал во истражувањето, вели дека староста на оваа планета од 13 милијарди години ја прави уникатна меѓу околу 100 планети откриени многу поблиску до нашиот сончев систем во изминативе години.

„Во овој случај имаме ѕвезда која се претпоставува дека формирала не само џиновска гасна планета, туку исто така и планета на која е можно да се живее и каде животот можеби се појавил и исчезнал многу одамна, пред формирањето на галаксијата“, истакна Бос.

Ова планета е толку стара што не содржи тешки елементи како железо, од кои се составени Земјата и нејзините планети-сестри.

Еден од откривачите на планетата - астрономот од Универзитетот на Британска Колумбуја, Харви Ричер, вели дека тоа сугерира оти планетите започнале да се формираат веднаш по зачетокот на универзумот. Ова би можело да значи дека нив ги има многу, но сепак е внимателен во ова тврдење.

„Не треба да извлекуваме правило од еден случај. Би било убаво да кажеме дека универзумот е полн со многу стари планети, но мислам дека во оваа фаза треба најшрвин да утврдиме дали во сферичните групи во други средини сиромашни со метал има многу други планети“, вели г-динот Ричер.

Овие откритија одат во прилог на теоријата за алтернативен механизам за формирање на планети. Оние во нашиот сончев систем и многуте други се мисли дека се формирани во текот на ерите, со материјал од гравитационото повлекување на честички од прашина, во комбинација на други згуснати материи. Но Алан Бос вели дека и без цврсти елементи, гасот сам по себе се покажува дека може да создаде планета, како што се смета дека е случај со најновото откритие.

XS
SM
MD
LG