Линкови за пристапност

Безбедноста на автомобилот, главна грижа за повеќето Американци - 2003-07-11


Меѓународната маркетиншка фирма Џеј Ди Пауер и Асошиејтс ја објави својата нова студија за безбедноста на автомобилите, што за многумина е главен знак за квалитетот на долговечност во автомобилската индустрија.

Студијата е заснована на мислењето на повеќе од 55.000 првични сопственици на автомовили произведени во 2000 година, како и сопственици на лесни камиони кои ги возеле барем три години.

Брајан Волтерс, директор на истражувањето на производите, вели:

„Европските марки посебно изгубија многу од конкурентноста во смисла на безбедност. И сега тие се меѓу оние со најголем број проблеми по тригодишна употреба, како и со значително повеќе проблеми од марките возила од домашно производство. Предноста што Европјаните некогаш ја имаа полека се намалува, така што сега тие навистина заостануваат“.

Како што се очекуваше, Тојота и Хонда се покажаа добри во анкетата. Меѓу другите победници се следниве:

„Лексус се покажа исклучително добра марка. Инфинити историски покажува прилично добар перформанс во студијата. Бјуик е третиот по ред, но најдобра домашна марка и најдобар нелуксузен модел. Тоа значи дека Бјуик е подобар отколку просечно возило на Тојота и Хонда. Но, и корпоративната мајка-компанија Џенерал Моторс има со што да се гордее“, истакна господинот Волтерс.

Според истражувањето, големо непријатно изненадување, кога станува збор за квалитетот на трајност на возилото, е прославениот германски Мерцедес-Бенз. Брајан Волтерс од Џеј Ди Пауер вели проблемите на поранешниот луксузен лидер се мултиплицираат со староста на возилото.

„Мерцедес-Бенз е оној што најбрзо опаѓа во првичниот квалитет и по три години употреба. Но другите луксузни европски марки, вклучувајќи го Волво и Ленд Ровер и Ауди, исто така брзо паѓаат во квалитет. Но тоа е проблем и кај сите други европски луксузни марки“, вели тој.

Гледано од другата страна, пак, некои возила стартуваат слабо како нови, но со време се покажуваат подобри.

„Најдраматична е ситуацијата со Субару. Субару не се покажа добар како нов вид на автомобил, и во Студијата за иницијален квалитет од 2000 година, Субару беше доста под индустрискиот просек. Сепак, по три години употреба, Субару завршува натпросечно, далеку над просекот во индустријата, во прв ред заради тоа што опаѓа во квалитет многу побавно од другите автомобилски марки“, подвлече господинот Волтерс.

Тој и признава на Тојота за обрнување поголемо внимание на безбедноста и издржливоста во целата индустрија.

„Тие водат во подобрувањето на своите модели и тоа го ставаат на врвот на приоритетите. Другите се побавни. Но во целина, мислам дека индустријата многу повеќе се фокусира на долгорочната издржливост“.

Според Џеј Ди Пауер, 52 проценти од купувачите на нови автомобили во САД, одлуката ја базираат на таа карактеристика.

XS
SM
MD
LG