Линкови за пристапност

Рајс: „ЦИА е виновна што не го корегирала тврдењето дека Ирак се обидел да купи ураниум од Африка“ - 2003-07-11


Изнесувајќи докази во редовното годишно обраќање до нацијата во јануари, претседателот Буш кажа дека Садам се одбидел да купи ураниум во Африка.

Документите што се однесуваа на наводниот обид за купување ураниум од Нигер беа предадени на ОН, кои заклучија дека тие се лажни.

На брифингот за новинарите во претседателскиот авион на пат за Уганда, госпоѓата Рајс кажа дека директорот на ЦИА, Џорџ Тенет го прегледал текстот на говорот на претседателот. Ако некој во ЦИА се посомневал во вистинитоста на тврдењето дека Ирак се обидува да дојде до нуклеарно оружје, таквите сомневања, вели таа, не му биле предочени на претседателот.

На прашањето како овие лажни тврдења влегле во обраќањето до нацијата, господинот Буш кажа дека говорот бил одобрен од разузнавачките служби, и во него на американскиот народ му биле изнесени детали за опасноста што ја претставувал Садам Хусеин.

Непосредната закана од ирачкото оружје за масовно уништување беше најголемиот аргумент на претседателот за инвазија на Ирак. Два месеца по освојувањето на Багдад, ова оружје се уште не е пронајдено.

XS
SM
MD
LG