Линкови за пристапност

Буш: Во Ирак има безбедносни проблеми, но со нив ќе се справиме бескомпромисно - 2003-07-10


„Секако дека имаме безбедносен проблем во Ирак и ќе го решаваме од случај во случај, за секое лице поединечно. Мора да останеме бескомпромисни“.

Ова е коментарот на претседателот Буш по вчерашното убиството на уште двајца американски војници во одвоени напади, ветувајќи дека САД нема да запрат се додека отпорот во Ирак не биде совладан.

Преку 30 американски војници се убиени во Ирак откако претседателот Буш пред повеќе од два месеца објави дека завршиле главните борбени операции во земјата. Господинот Буш за нападите ги обвинува силите се уште се лојални на поранешната влада и тврди дека поголемиот дел од ирачките граѓани се воодушевени од фактот што Садам Хусеин веќе не е на власт.

„Колку повеќе Ирачани ќе бидат инволвирани во транзиционата влада, току поверојатно е дека просечниот граѓанин повторно ќе увиди дека следбениците на Садам Хусеин носат беда на нивната земја“, рече тој.

Реагирајќи на тоа колку време е потребно за нормализација на Ирак, американскиот претседател кажа дека ќе требаат повеќе од само 100 дена за Ирачаните да можат ја препознаат, како што ја нарече, “големата радост на слободата“ и одговорностите што следат со неа.

XS
SM
MD
LG