Линкови за пристапност

Протести во Вашингтон за демократија во Иран - 2003-07-09


Море од црвено, бело и зелено, боите на иранското знаме, се вееја пред американскиот Капитол, додека демонстрантите извикуваа пораки за демократија.

Меѓу демонстрантите кои зборуваа на собирот беше и сенаторот Сем Браунбек, Републиканец од Канзас и предлагач на законот кој има за цел зајакнување на поддршката за оние што се залагаат за демократија во Иран.

Сенаторот Браунбек кажа дека демократските промени мора да произлезат од иранскиот народ, не од неговите лидери, за кои кажа дека не ги оствариле ветувањата за реформи.

“Тука сме денеска во знак на солидарност со иранскиот народ кој му се спротивставува на репресивниот режим“, изјави тој.

Сенаторот Браунбек додаде дека про-демократските протести во Иран се помасовни во последните години. Во знак на охрабрување, тој кажа дека ваквите протести со време може да доведат до промени, најверојатно во почетокот на идната година.

“Бидете силни и знајте дека Америка ве поддржува, а ние ќе бидеме таму за да ви помогнеме да ја обновите вашата прекрасна земја, да се надеваме идниот јули, кога Америка го прославува Денот на независноста, ќе можеме заедно да ја прославиме вашата независност!“, порача сенаторот Браунбек.

Таканаречениот “Демократски акт за Иран“ на господинот Браунбек, меѓу другото предвидува проширување на радио и телевизиската програма финансирана од САД во Иран и повикува на референдум со меѓународно набљудување со кој ќе му се овозможи на иранскиот народ мирно да го смени владејачкиот систем.

XS
SM
MD
LG