Македонија-инцидент
Според македонските медиумски извештаи, четири лица загинале, а пет се повредени во денешниот вооружен инцидент во Скопје. Македонската информативна агенција денеска ја пренесува изјавата на официјални лица според која, маскирани лица пукале од возило и фрлиле граната врз еден ресторан во северниот дел на градот, во кој живее доминантно етничко албанско население. Агенцијата објави дека полицијата идентификувала една од жртвите како Ридван Незири, кој е истакнат припадник на албанското криминално подземје
Буш во Африка
Претседателот Буш и јужноафриканскиот лидер Табо Мбеки по разговорите во Преторија, кажаа дека Африка мора да го предводи решавањето на африканските конфликти. На заедничката прес-конференција господинот Буш кажа дека со тоа што и се помага на Африка самата себе да си помогне со американска воена обука, претставува важна стратегија што ќе овозможи американските сили да не бидат премногу распространети. Претседателот ова го кажа во однос на Либерија, земја во која е можно САД да испратат свои трупи за да спроведе примирје. Од своја страна, господинот Мбеки кажа дека ја почитува заложбата на господинот Буш за Либерија, но додаде дека е од клучно значење за африканските земји принципиелно да ја преземат одговорноста за решавање на нивните конфликти.
САД-Ирак
Претседателот Буш денеска застана во одбрана на неговото објаснување на причините за војната во Ирак, откако претходно Белата куќа призна дека е направена грешка со обвинувањето дека Садам Хусеин се обидува да купи ураниум од Африка. Во денешната изјава за време на посетата на Јужна Африка, г-динот Буш рече дека бил целосно убеден во одлуката за инвазија на Ирак. Во понеделникот, Белата куќа објави дека претседателот не требало да ја вметне инфромацијата за ураниумот, која се базира на нереални документи, во неговото обраќање за состојбите во државата во јануари година. Демократите повикувајќи се на ова тврдење вбараат целосна ревизија на тоа како администрацијата на Буш ги користела пред воените разузнавачки информации за оправдување на војната во Ирак.
Ирак-апсења
Американската Централна Команда соопшти дека еден од поранешните ирачки лидери им се предал на коалиционите сили, а друг бил уапсен. Во изјавата, двете лица се идентификуваат како Мизбар Кадр ал Хади, кој е високо рангиран член на забранетата партија Баат на Садам Хусеин, и поранешниот министер за внатрешни работи Махмуд Дијаб ал Ахмад. САД досега уапсија 34 од 55-мината на листата на најбарани Ирачани. Во меѓувреме, американскиот администратор во Ирак, Пол Бремер за време на денешната посета на Наџаф, избегна средба со моќното шиитско муслиманско свештенство. Лидерите од Хавза, која се смета за главно раководство на муслиманите Шиити во земјата ги критикуваа американските планови за формирање нова ирачка влада.
Израел-Палестинци
Лидерот на палестинската милитантна група Хамас вели дека неговата група е определена за прекин на огнот врз израелски цели-додавајќи дека нивното трпение е ограничено. Духовниот лидер на Хамас Шеик Ахмед Јасин рече дека Хамас нема да направи компромис во однос на своите барања дека Израел треба да ги ослободи сите палестински затвореници. Израел ги објави плановите за ослободување на 400 од околу 6.000 палестински затвореници. Израелското радио јави дека САД ќе побараат од Израел да ослободи повеќе затвореници, во обид да се намали притисокот врз палестинскиот премиер Махмуд Абас. Г-динот Абас вчера се закани со оставка, по жестоките критики дека не презем поцврст став во однос на прашањето со затворениците.
ОН-Иран
Првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија изјави дека ќе испрати тим експерти во Иран следната недела за разјаснување на загриженоста на Техеран во врска со новите нуклеарни инспекции. Мохамед Ел Барадеи за новинарите во Техеран изјави дека има надеж оти посетата ќе го отвори патот за нова рунда на поригорозни инспекции на осомничените нуклеарни локации. Г-динот Ел Барадеи ова го изјави денеска по едноденвните разговори во Техеран со цел да ги убеди иранските власти да го прифатат и да го потпишат дополнителниот протокол на Договорот за неширење на нукеларно оружје. Со протоколот ќе им се овозможи на инспекторите на ОН да изведуваат ненадејни инспекции на иранските нукеларни локации. Во моментов, Иран дозволува само претходно најавени инспекции на локации кои властите ќе ги изберат.
Бангладеш-бродолом
Преполнет фериброд со две палуби, се претвртел кај јужен Бангладеш и се стравува дека загинале околу 500 лица кои биле заробени во потонатиот брод. Локалните власти велат дека на бродот имало околу 700 патници кога вчера потонал во реката Мегна, во близина на градот Чандпур, јужно од Дака. Бродот патувал од Дака до крајбрежниот град Бола. Властите велат дека околу 200 лица се спасиле со тоа што допливале на безбедно или ги спасиле локалните рибари. Во Бангладеш се чести несреќите со ферибродови бидејќи често не ги почитуваат безбедносните регулативи, вклучувајќи и ограничувањата за ноќно патување кога има невреме.