Линкови за пристапност

Протести во Јужна Африка за посетата на Бу - 2003-07-09


Околу 500 лица и тоа претежно Јужноафриканци учествуваа во двата протеста пред американската амбасада. Тие имаа различни причини за лутина кон претседателот Буш, од војната во Ирак, па се до неговата политиката за абортусот.

Џуди Меркел е активист од Алијансата за репродуктивни права е незадоволна што политиката на г-динот Буш ги блокира фондовите на клиниките каде може да се изврши абортус, што според неа, го намалува пристапот до здравствени услуги за жени.

“Во прашање се милиони долари во странска помош наменета за здравствените услуги, бидејќи се зголемува бројот на жените со непланирана бременост, се зголемува бројот и на непланираните породувања, се зголемува бројот на жените кои умираат од абортуси изведени нелегално, се зголемува бројот на смртните случаи кај жени и деца од целиот свет, а дистрибуцијата на кондоми е се помала“, вели Меркел.

Протестите во Преторија и Кеип Таун беа организирани од Анти-воената коалиција и од таканаречаната трипартитна алијанса на владеачкиот Африкански национален конгрес, јужноафриканската Комунистичка партија и Конгресот на трговските синдикаит на Јужна Африка.

За време на посетата на оваа земја, г-динот Буш подвлече дека неговата администрација се грижи за африканскиот народ и дека неговата политика е насочена кон намалување на сиромаштијата на континентот. Тоа е порака што сепак демонстрантите во Преторија и Кеип таун не ја слушнаа или не веруваат во неа.

XS
SM
MD
LG